Неделен хороскоп од 29 август до 4 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Љубов: Ќе го прифатите она што го имате, а благодарение на таквиот зрел пристап, ќе почнете да уживате во малите нешта кои многу ви значат. Доколку сте слободни, ќе бидете поскромни во љубовните очекувања.
Кариера: Клучот за успехот лежи во подготвеноста да се борите за она што ви припаѓа. Следете ги вашите идеи и бидете доследни и професионални.
Шкорпија
Љубов: Малите нешта ќе ве направат среќни и задоволни. Бидете отворени, имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе увидите дека набргу нештата ќе се подобрат.
Кариера: Ќе се замислите во улога на лидер, а многумина од вас и ќе мораат да ја преземаат таа улога на работа со оглед на ситуацијата. Освен тоа, ќе го поттикнете развојот на нови идеи или технологии. Ве очекува динамична недела.
Стрелец
Љубов: Во поглед на љубовниот живот ќе се фокусирате на секојдневието. Така, нема да имате големи желби туку ќе бидете поскромни од вообичаеното.
Кариера: Полека излегуваат на виделина резултатите од трудот што досега го вложивте, но треба уште многу да се постигне. Сепак, задоволството кај надредените за вашиот напредок ќе расте сè повеќе и повеќе.
Јарец
Љубов: Ве очекуваат квалитетни љубовни денови. Полека ќе ги решите недоразбирањата со партнерот и одново ќе најдете заеднички јазик.
Кариера: До неодамна фантазиравте за одредени деловни потези, а сега ќе имате одлична можност да ги разработите вашите планови.
Водолија
Љубов: Ќе бидете подготвени за нови луѓе и познанства, но сè уште постои можност за расправии и провокации. Затоа, бидете особено внимателни во начинот на кој комуницирате со другите.
Кариера: Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија, а она што ќе го договорите веднаш ќе го спроведете. Така, ќе се одвиваат наизменично двата стила на работа: едниот потивок, а другиот подинамичен.
Риби
Љубов: Во поглед на емоциите, ќе доминира вашата интровертна страна што е навистина ретко. Така, љубоморно ќе ја чувате својата љубов и никому нема да ја покажете.
Кариера: Ве очекуваат нови познанства со луѓе од вашата професија. Тоа ќе ви даде можност за воспоставување нови соработки, но и добивање нови информации кои ќе бидат корисни за вашиот професионален развој.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се збогатат во септември.
Извор: atma.hr