Неделен хороскоп од 29 август до 4 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 29 август до 4 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Откријте во продолжение што ви предвидуваат астролозите за оваа недела.

Неделен хороскоп од 29 август до 4 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Сега ќе можете полесно да дишете и да ги преиспитате сомнежите од вашето љубовно минато. Партнерот со задоволство ќе ве слуша, а истото ќе го очекува и од вас. Имајте го ова на ум кога ќе почнете да се доверувате еден на друг.

Кариера: Во овој период ќе имате објективен пристап кон вашата работа. Тоа ќе ви помогне да го разјасните вашиот став и да го дефинирате планот за иднината. Ќе се зголемат одговорностите, но лесно ќе се справите со нив, а некои од вас ќе имаат можност и да патуваат.

Бик

Љубов: Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде особено квалитетно, а сè останато ќе доведе до незадоволство и надмудрување. Со други зборови, зборувајте, но не инсистирајте на прегратки.

Кариера: Овие денови ќе бидат погодни за средување на помалите обврски. Сè ќе ви оди од рака, дури и ако не сте особено амбициозни. Сепак, доколку сакате да се занимавате со нешто поголемо или понапорно, ова не е идеалниот период. Доволно е да им се посветите на плановите во моментот.

Близнаци

Љубов: Во вашите лични односи ќе преовладува пријатна атмосфера. Ќе бидете задоволни, но и склони да се прилагодувате по секоја цена. Запомнете дека не мора да биде сè како што сака вашиот партнер.

Кариера: Ќе добиете одлични вести кои ќе ви бидат поттик максимално да им се посветите на работните обврски. Околностите ќе ви бидат во прилог, а вашиот бизнис ќе се развива во стабилна насока.

Рак

Љубов: Нема да останете рамнодушни на некој од вашите пријатели, па така ќе почнете да се двоумите дали да го зачувате пријателството или да се впуштите во љубовна врска. Како и да е, нема да згрешите доколку го слушате сопственото срце.

Кариера: Ќе сфатите колку многу го сакате она што го работите, а тоа ќе ви биде дополнителна мотивација за да вложите уште поголем труд. Освен тоа, вашата енергија и посветеност ќе бидат инспиративни и за колегите околу вас.

Лав

Љубов: Ќе чувствувате потреба за сигурност во приватниот живот. Сепак, немојте да барате докази за љубов од партнерот бидејќи тоа никому не му се допаѓа. Сфатете дека не постои гаранција за ништо на овој свет.

Кариера: Многумина ќе бидат во искушение да ѝ подлегнат на сопствената алчност. Затоа, размислете за она што го поседувате и ако сфатите дека тоа ви е доволно за нормален живот, не барајте повеќе.

Девица

Љубов: Сигурноста и стабилноста на личните односи ќе ви станат важни, па така сета енергија ќе ја насочите кон нив. Партнерот не само што ќе биде пријатно изненаден туку и ќе ви ја даде сета можна поддршка.

Кариера: Ве очекуваат патувања и можности за учење. Освен тоа, овој период ќе се истакнете на работа благодарение на вашите одлични идеи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар