Неделен хороскоп од 28 ноември до 4 декември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Ќе наидете на интерес од другите за вашите деловни квалитети. Сепак, имајте на ум дека најдобро е да се држите до вашите планови, дури и ако треба да се потпрете само на сопствената сила. За време на викендот ќе имате можност да научите многу нови и интересни работи.
Скорпија
Периодот на стрес и грижи заврши, па затоа оваа недела ќе биде идеално време да се опуштите. Важно е да се фокусирате на односите со вашето семејство. Сите други можат да почекаат. Освен тоа, за време на овој викенд ве очекуваат пријатни изненадувања од најблиските.
Стрелец
Најважно е да се фокусирате на деловните работи. Во спротивно, нема да го постигнете посакуваниот напредок во кариерата. За таа цел, не треба да зборувате многу и да донесувате избрзани одлуки без да направите анализа. Очекувајте гости за време на викендот.
Јарец
Ќе ви бидат потребни издржливост и решителност за да се справите со предизвиците кои ве очекуваат оваа недела. Размислете пред да дејствувате. Бидете отворени за промени и прифатете ги новите можности.
Водолија
Не преценувајте ги вашите сили за да не наидете на разочарување доколку немате време да направите нешто. Имајте на ум дека среќата и успехот кога-тогаш ќе дојдат во ваши раце. Викендите, пак, ќе го донесат долгоочекуваниот одмор.
Риби
Новонастанатите околности ќе бараат од вас да бидете присебни докрај, но и да бидете храбри и подготвени да се борите. Викендот, пак, може да ве разнежни и затоа бидете внимателни да не ветувате премногу, особено кога сте во добро расположение.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и какви промени го очекуваат секој хороскопски знак до крајот на 2022 година.
Извор: sensa.mondo.rs