Неделен хороскоп од 28 март до 3 април: Што ви препорачува универзумот?
Ни претстои нова недела на борби, предизвици, успеси и неуспеси. Прочитајте ги во продолжение астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно.
Овен
Ова ќе биде идеална недела да размислите за вашиот професионален напредок. Најтешките моменти останаа зад вас, но од друга страна, ве направија посилни. Партнерот ќе биде тука да ви ја пружи сета потребна поддршка. Оние кои ја потцениле вашата интелигенција, конечно ќе почнат да ве ценат повеќе. Фокусирајте се на градење односи кои нема да се засноваат на себични мотиви и подобрете ги личните комуникациски вештини.
Бик
Оваа недела ќе ви биде исполнета со неверојатни авантури. Ќе се вклучите во активности во кои никогаш порано не сте помислиле дека ќе можете да се вклучите. Првите три дена ќе ви донесат можности кои подолго време ги чекавте. Од друга страна, избегнувајте ги луѓето кои ги сфаќаат вашите емоции здраво за готово бидејќи нивната посесивна природа може подоцна да ви наштети. Оние, пак, за кои сметавте дека се ваши пријатели, ќе најдат изговори и ќе се обидат да ве остават сами кога ќе им се обратите за некаква помош. Затоа оваа недела фокусирајте се само на себе и бидете внимателни со одлуките.
Близнаци
Оваа недела ќе ви биде прилично релаксирачка со оглед на тоа дека секој аспект од вашиот живот ќе функционира онака како што вие би посакале. Сепак, не заборавајте дека постојано треба да се надоградувате бидејќи некои сакаат да го заземат вашето место на работа. Затоа, искористете ја позитивната енергија колку што можете повеќе за да бидете продуктивни. Ако сакате да започнете нов проект, сега е вистинското време. Во однос на љубовниот живот, ве очекува мир и хармонија.
Рак
На почетокот на неделата ќе се чувствувате возбудено и среќно што најверојатно ќе се должи на профитот што ќе го остварите овие денови. Ова ќе направи задоволни и горди на себе. Вашиот професионален живот ќе продолжи да брои успеси, а ќе имате среќа и во поглед на љубовта. Партнерот ќе ви биде главна поддршка за сите нови планови кои сакате да ги реализирате. Сепак, многубројните работни обврски нема поволно да влијаат врз вашето здравје и затоа обидете се да ја искористите секоја пауза за одмор.
Лав
На почетокот на неделата ќе се чувствувате емотивно приврзани со партнерот. Вашиот приватен живот ќе ви наметне некои прашања на кои долго време ќе размислувате. Од друга страна, астролозите ви препорачуваат да инвестирате во новите бизнис можности за да привлечете клиенти и партнери. Среќата ќе биде на ваша страна. Внимавајте да не бидете вовлечени во туѓи расправии чија негативна енергија може лошо да се одрази врз вашиот живот. Потпрете се на вашата силна волја секогаш кога ќе наидете на неповолни ситуации.
Девица
На почетокот на неделата ќе бидете среќни и горди на себе благодарение на трудот којшто го вложивте досега. Вашата неизмерна среќа ќе ве направи претерано дарежливи кон другите и затоа астролозите ви препорачуваат да го контролирате вашиот нагон за трошење кој може да предизвика и проблеми во семејството. Доколку дојде до таква ситуација, вашите пријатели ќе ви помогнат да ја ублажите ситуацијата, но само до одреден степен.
Продолжува на следната страница…