Неделен хороскоп од 28 февруари до 6 март: Кои знаци ги очекува најмногу среќа?

Неделен хороскоп од 28 февруари до 6 март: Кои знаци ги очекува најмногу среќа?

Сакате да дознаете како ќе ви бидат наклонети ѕвездите оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Овен

Оваа недела ќе бидете презафатени и како резултат на тоа ќе се чувствувате уморно. Ќе донесете важни одлуки кои, од друга страна, ќе бидат патот кон вашиот успех. Истовремено, ќе ги зголемите вашите приходи и уште еднаш ќе ги покажете вашите одлични лидерски квалитети. Со оглед на многубројните работни обврски нема да можете да му посветите доволно внимание на семејството, но тие ќе ве разберат и поддржат во вашите намери. Тоа ќе ви помогне да останете смирени и трпеливи.

Бик

Оваа недела вашата интуиција ќе ви помогне да направите одлични анализи и стратегии во поглед на вашата кариера. Покрај тоа, деновите што доаѓаат ќе бидат одличен момент за поврзување со нови личности кои ќе ви помогнат во професионалниот развој. Единствениот проблем за вас ќе биде поврзан со љубовниот живот. Вашето однесување несвесно ќе придонесе за појава на несигурност во врската, особено од страна на партнерот. Обидете се искрено да разговарате за тоа да не дојде до несакани недоразбирања.

Близнаци

Деновите што доаѓаат ќе бидат многу важни во поглед на вашата кариера. Сиот ваш фокус ќе биде насочен кон работните обврски. Не заборавајте дека со помош на трпението ќе успеете да ги постигнете навремено сите цели. Вашата посветеност на работата ќе биде тестирана неколку пати, а кон крајот на неделата очекувајте награда за напорната работа. Сепак, внимавајте на одредени неправилности кои можат да доведат до намалување на вашите шанси за унапредување. Од друга страна, ќе добиете добри вести во поглед на здравјето на вашите родители.

Рак

Во текот на оваа седмица ќе имате можност да се впуштите во непознатото бидејќи ве очекува соло патување. Иако на почетокот нема да се чувствувате пријатно, ќе сфатите дека напуштањето на удобната зона може да прерасне во вистинска авантура. Тоа ќе ви помогне да научите повеќе за себе и да ја осознаете вашата вистинска природа. Фокусирајте се на сите аспекти од вашиот живот и работете напорно за да постигнете сè што претходно сте замислиле. Можеби почетокот на неделата ќе ви се чини збунувачки, но како што одминуваат деновите, полека ќе се прилагодувате на новата рутина.

Лав

Препуштете ѝ се на интуицијата бидејќи таа ќе ви помогне да ја зацврстите вашата самодоверба. На тој начин ќе добиете благодарност и од луѓето кои не веруваа во вашите способности. Фокусирајте се на градење односи кои нема да се засноваат врз себични мотиви и обидете се да ги подобрите вашите комуникациски вештини. Вашите лидерски способности пак, ќе ви отворат нови перспективи во животот. Ако сте во врска, ве очекуваат пријатни мигови со партнерот.

Девица

Оваа недела ќе прекрасна за вас бидејќи позитивните вести на почетокот на неделата ќе ви ја зголемат самодовербата. Покрај тоа, неделата ќе ви биде полна со возбудливи искуства. Ве очекува позитивна промена во однос на вашето физичко и ментално здравје. Тоа, од друга страна, ќе ви влее ентузијазам да се дружите со луѓе и да посетувате разноразни настани. Доколку сте во врска, искористете ја позитивната енергија за да ги подобрите односите со партнерот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар