Неделен хороскоп од 28 август до 3 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 28 август до 3 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Оваа недела ќе морате да донесете тешка одлука. Сепак, важно е да најдете некаква средина меѓу вашите и туѓите потреби. На работа, пак, соработката ќе биде клучна за решавање на одредени предизвици.

Неделен хороскоп од 28 август до 3 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Оваа недела ќе биде особено важно да одвоите време за интроспекција. На тој начин, можеби ќе откриете некои скриени причини кои влијаат врз вашите постапки. На емотивен план, можно е да испливаат на површина одредени чувства со кои порано или подоцна морате да се справите.

Стрелец

Оваа недела ќе ви биде исполнета со друштвени активности, а благодарение на вашата енергија ќе стекнете нови познанства. На работа, пак, ќе биде важно да соработувате со колегите и да ги прифаќате и нивните идеи за да постигнете подобри резултати како тим.

Јарец

Оваа недела фокусот ќе ви биде на поставување цврсти темели за иднината. Тоа значи дека следните денови ќе бидат одличен момент за планирање на долгорочните цели и развојот на вашите планови во однос на кариерата. На личен план, постои можност одново да воспоставите контакт со некоја личност од вашето минато.

Водолија

Вашата креативност ќе дојде до израз оваа недела. Обидете се да се изразувате колку што е можно пооригинално. На личен план, пак, најверојатно ќе имате нова инспирација благодарение на новите познанства кои ќе ги стекнете во следните денови.

Риби

На работа, ќе бидете отворени за соработка, но и ќе направите сè за да решите одредени проблеми со колегите. На личен план, ќе се зацврсти вашата врска со партнерот со оглед на околностите кои ќе доведат до подлабоко поврзување.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар