Неделен хороскоп од 27 февруари до 5 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 27 февруари до 5 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Оваа недела можеби нема да можете да се најдете на вистинското место во вистинско време, па не очекувајте чудо. Иако можете многу да постигнете така што ќе го покажете вашиот шарм, сепак не треба да ризикувате премногу.

Неделен хороскоп од 27 февруари до 5 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Обидете се да го пронајдете позитивното во себе за да ги надминете пречките. Оваа недела ќе биде многу непредвидлива и покрај отсуството на ретроградни планети. Прекумерната емотивност може да ве направи ранливи и ќе ве лиши од поддршка. Сепак, работата и омиленото хоби ќе ја поправат ситуацијата и ќе ви го одвлечат вниманието од опсесивни мисли и анксиозност. Рутинските задачи не само што ќе ви помогнат да се фокусирате на она што е важно, туку и ќе ви помогнат да се смирите.

Стрелец

Оваа недела ве очекуваат промени бидејќи ќе почувствувате дека светот околу вас почнува да се менува. Ослабениот Меркур е причината поради која ќе се охрабрите да заштедите пари и енергија. Не занемарувајте ги и домашните обврски и средувањето на домот во текот на следните денови.

Јарец

Сега треба да се фокусирате на сопствената судбина и да внимавате на своите соништа. Вашата задача ќе биде да им се спротивставите на искушението да направите нешто ризично. Фокусирајте се на подобрување на вашите вештини. Иако ќе имате голема концентрација во овој период, сепак тоа не е гаранција дека ќе успеете целосно да ги остварите вашите желби.

Водолија

Обидете се да се воздржите од импулсивни одлуки. В очекуваат предизвици, но ако сè правите трпеливо и смислено, се ќе биде во ред. Ве очекува и мирен период во блиска иднина што ќе ви помогне да поработите на сопствениот личен развој.

Риби

Ќе потрошите многу време и енергија за да се справите со негативните емоции. Не верувајте во интуицијата и непроверените факти за пријателите и саканите туку слушајте го разумот. Освен тоа, обидете се да реагирате на промените на флексибилен начин за да одржите позитивна динамика во однос на љубовта. Ова е моментот кога не треба да кажете нешто без размислување.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа на финансиски план во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар