Неделен хороскоп од 26 јуни до 2 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Љубов: Ќе ви се чини дека љубовта сè повеќе ќе се оддалечува од вас, а тоа ќе ве налути и растажи. Треба да разберете дека не е сè во ваши раце и дека и другата страна има некакви права.
Кариера: Некои ќе се свртат кон непознатото и мистериозното. Другите ќе им помагаат колку што е можно повеќе на оние кои учат или штотуку почнуваат со бизнис. Трети, пак, ќе бараат можност да работат некаде далеку, ако е можно на друг континент.
Бик
Љубов: Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, бидејќи сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Ставете му крај на искушението да го надмудрите партнерот. Ако тој ве провоцира, не земајте го тоа при срце и продолжете да бидете толерантни.
Кариера: Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за да можат другите да ве следат. Однапред ќе можете да видите каде треба да интервенирате, па затоа нема да губите време. Сепак, не оставајте ги на цедило вашите колеги.
Близнаци
Љубов: Ве очекува голема среќа кога станува збор за љубовта. Се чини дека сите очи се вперени во вас двајца. Оние кои подолго време се во врска ќе бидат многу приврзани еден кон друг. Некои ќе патуваат заедно.
Кариера: На дневен ред ќе биде истражувањето. Некои ќе се обидат да стигнат до своите соништа преку многу необичен пат.
Рак
Љубов: Повремено ќе чувствувате мали незадоволства или ќе наидете на привремени пречки во љубовта. Обидете се да најдете доволно сила и енергија за да издржите бидејќи ќе се уверите дека кога-тогаш работите ќе се сменат на подобро само ако бидете силни докрај.
Кариера: Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го на дело без отстапување. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати.
Лав
Љубов: Поголемиот дел од неделата ќе го поминете во интересно друштво кое ќе ви даде нова енергија. Лесно ќе ги надминете грижите и пречките во вашето секојдневие преку хумор и шеги. Оние кои не се во врска ќе бидат расположени за нови познанства.
Кариера: Вашите потези ќе се покажат како успешни бидејќи ќе ви донесат нови деловни можности. Ова ќе ви ја зголеми самодовербата, па ќе работите повеќе и ќе правите похрабри потези. Некои од вас ќе напредуваат во бизнисот со недвижнини.
Девица
Љубов: Овие денови веројатно ќе наидете на многу поволни можности кога станува збор за љубовта. Многу врати ќе ви се отворат полесно од вообичаено, ќе бидете поканети на интересни настани. Ако сте сами, прифатете ги поканите и комуницирајте колку што е можно повеќе со другите.
Кариера: Новата енергија што ја чувствувате ќе ве поттикне да преземете нови деловни потфати. Ќе бидете умешни, конструктивни, отворени, подготвени за предизвици и лесно ќе се поврзете со другите.
Продолжува на следната страница…