Неделен хороскоп од 25 до 31 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Прочитајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!
Овен
Љубов: Ќе се дружите со многумина луѓе, но тие односи ќе бидат површни. Така, повеќе ќе зборувате за љубовта отколку што ќе ја чувствувате. Без оглед на сè, ќе бидете среќни.
Кариера: Вообразеноста на некои луѓе ќе ве налути, но не реагирајте доколку тоа не е неопходно. Доволно е да ги вршите своите работни обврски без да критикувате некого.
Бик
Љубов: Ќе ви биде поинтересно бидејќи сè повеќе ќе има можности за комуникација со луѓе од спротивниот пол. Ќе наидете на многу љубовни можности доколку ја барате вашата сродна душа.
Кариера: Луѓето со кои работите ќе ве изненадат со сосема нов и неочекуван предлог. На почетокот нема да знаете како да реагирате, но тие самите ќе ви дадат идеја што да правите понатаму.
Близнаци
Љубов: Ве очекуваат мали несогласувања меѓу вас и вашата сакана личност. Затоа најдобро е да се воздржите од коментари и да се фокусирате на она што е добро е што ви е важно. Така и двајцата ќе се чувствувате подобро.
Кариера: Резултатите од вашите напори конечно ќе излезат на виделина, но има уште многу што треба да направите. Од друга страна, зголемените приходи ќе ви дадат мотивација за нова работа.
Рак
Љубов: Во личните односи ќе ве занима особено еротиката. Така, доколку сте во врска, вашите предлози сигурно ќе бидат прифатени од другата страна.
Кариера: Продолжете да се стремите кон вашите цели, а луѓето и околностите ќе ве поддржат во тоа. Можно е да се појават и мали деловни проблеми кои брзо ќе ги решите.
Лав
Љубов: Ќе се замислувате во улога на голем заводник, но тоа ќе биде повеќе во вашите мисли отколку во реалноста. Не заборавајте дека треба да имате пореални очекувања.
Кариера: Ве очекуваат многубројни настани на работното место поврзани со работните услови и услугите што ги давате или добивате. Така, некои од вас ќе бидат преоптоварени со работа.
Девица
Љубов: Ќе станете посмирени и позадоволни и лесно ќе можете да ги читате мислите и чувствата на партнерот. Вашата љубов ќе биде возвратена на прекрасен начин.
Кариера: Сега е време за борба. Подготвени сте да го искажете својот став, а доколку некој не се согласува со него, ќе ги изнесете сите ваши аргументи. Нема да се откажете сè додека не се постигне компромис.
Продолжува на следната страница…