Неделен хороскоп од 24 до 31 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Оваа недела ќе имате потреба од претпазливост, внимание и смиреност. Ова ќе ви помогне да го неутрализирате негативното однесување на ѕвездите и планетите. Така, ако сакате да добиете помош од друго лице, важно е да побарате поддршка од оние кои се искусни во ова. Запомнете дека доброто раѓа добро, а лошите дела привлекуваат само негативни работи. Не заборавајте и дека треба да се стремите кон хармонија со себе и со светот, дури и кога времињата се тешки.
Скорпија
Под влијание на затемнувањето на Сонцето, но и негативното влијание на Марс, Меркур и Јупитер постојат можности за големи несогласувања со саканите. Најдете мир во себе за да го пренесете на другите. Освен тоа, во овој период ве очекуваат сериозни промени во вашиот живот и затоа од особена важност е да се поврзете со саканите.
Стрелец
Во никој случај не треба да се навраќате на минатото. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на сегашноста. Но, ова нема да биде идеален период да ги решите проблемите со партнерот. Најважно е да самите да одлучите во која насока сакате да продолжите понатаму. Сепак, не заборавајте дека комуникацијата е неопходна за здрава љубовна врска.
Јарец
Оваа недела значително ќе биде подобрено вашето расположение. Можете да се грижите за вашето здравје и да се опуштите. Освен тоа, ќе имате енергија и успешно да се справите со работните и домашните обврски. Иако ќе налетате на предизвици поради промената на плановите, на крајот сè ќе биде како што треба.
Водолија
Астролозите предупредуваат дека оваа недела ќе се соочите со одредени проблеми. Тоа значи дека ве очекуваат тешкотии на работа или во приватниот живот. Затоа, додека е можно обидете се да воспоставите ред во мислите и плановите. Обидете се да го надминете лошото расположение така што ќе почнете повеќе да се грижите за себе.
Риби
Поради слабото влијание на Венера оваа недела ќе почнете да ја губите енергијата и волјата за нови работи. Но, периодот ќе биде поволен за да се дружите со луѓето кои ви се допаѓаат. Сепак, најважно е сега да се ослободите од токсичните мисли и врски. Астролозите ве советуваат да ја скротите импулсивноста, но и да бидете внимателни со трошоците.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и љубовниот хороскоп за ноември.
Извор: sensa.mondo.rs