Неделен хороскоп од 24 до 31 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Ако надворешните околности ве успорат во остварувањето на вашите цели, обидете се да се охрабрите себеси. Нема да биде лесно да постигнете добри резултати и успех во кариерата и љубовта, но продолжете да работите и да верувате во себе. Преголемите амбиции сега нема да донесат ништо добро.
Бик
Денес ќе бидете оптимистички настроени, а тоа ќе ви помогне да се приближите кон вашите цели. Во вторник постигнувањето на целите и исполнувањето на желбите ќе биде многу потешко поради затемнувањето на Сонцето. Сепак, не заборавајте да го започнувате секој ден со љубов кон себе и кон светот.
Близнаци
Важно е да избегнувате расправии и конфликти, особено кон крајот на неделата. Марс ќе ви донесе негативна енергија, но сè можете да решите со разговор. Освен тоа, ќе имате можност да запознаете личност која ќе ви донесе среќа.
Рак
Важно е на другите да им го покажете вашето добро расположение. Во пресрет на ноември, астролозите особено препорачуваат да се направат најитните работи или барем да се направи деловен план за овие седум дена, но и за следната недела. Главната работа е да дејствувате сами или да комуницирате само со доверливи луѓе. Во вторник под влијание на затемнувањето, треба да се ослободите од негативните мисли, сомнежи и стравови.
Лав
Во текот на оваа недела обидете се да останете позитивни докрај дури и ако наидете на тешкотии. Денес ќе биде поволен ден за промена на погледот. Меѓу другото, оваа недела ве очекува многу сила и енергија, но сепак е подобро да ги избегнувате подвизите на работа и внимателно да пристапите кон распределбата на задачите. Нестандардниот и креативниот пристап ќе биде најдобрата стратегија за овој период.
Девица
Оваа недела ве очекува финансиски успех, но и напорна работа. Така, понеделник, среда и четврток ќе бидат релативно добри денови за физичка и интелектуална активност. Избегнувајте агресија и негативна енергија. Во текот на викендот, пак, може да настапи ненадејна промена во расположението, па затоа најдобро е да го поминете во друштво на луѓето кои добро ве познаваат.
Продолжува на следната страница…