Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината! - Part 2

Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината!

Вага

Последните неколку недели под влијание на Венера, вашиот планетарен владетел, се занимававте со интроспекција која ви го привлече вниманието на некои интересни детали од вашиот дом и семеен живот. Како што Меркур полека навлегува во истиот сектор оваа недела, најверојатно е време да ги решите проблемите. Доволно е да обратите внимание на знаците околу вас.

Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината!

Скорпија

Доколку сте слободни, планетарното движење оваа недела ќе ве натера да се поврзете со некого на спиритуално ниво. Имајте на ум притоа дека нема да бидете задоволни од врската доколку нема вистинска страст и желба. Доколку пак, сте во врска, ќе посакате да го продлабочите односот со вашиот партнер.

Стрелец

Како што Венера се приближува кон вашиот сектор на финансии, очекувајте подобрување на вашата финансиска состојба кон крајот на неделата. Но, наместо веднаш да ги потрошите сите пари, искористете ја оваа недела за да направите план за нивно распределување.

Јарец

Со оглед на тоа што Марс влегува во вашиот знак оваа недела, одредени ситуации ќе ве однесат во минатото. Не се исклучува можноста да добиете неочекувана порака од некој од поранешните партнери или да бидете принудени да направите ревизија на некој минат проект. Сепак, не заборавајте да се фокусирате на вашите сегашни цели. Астролозите ви гарантираат дека вашите напори ќе вродат со плод во наредните шест недели.

Водолија

Како што ретроградниот Меркур лека-полека го напушта вашиот знак, така вие чувствувате како огромна тежина да се симнува од вашите раменици. Сепак, за вас најважниот космички настан оваа недела е Сонцето во квадрат со Уран, вашиот планетарен владетел. Ова е ретка можност која може да резултира со големи успеси, како во приватниот така и во професионалниот живот.

Риби

Астролозите ви порачуваат да почнете да работите на подобрување на комуникацијата со другите луѓе доколку сакате да постигнете успеси во блиска иднина. Доволно е да продолжите да вложувате напор, а за останатото ќе се погрижи универзумот. Искористете ја оваа недела за да размислите како да се поврзете со луѓето кои би можеле да ве поддржат во вашите цели.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 24 до 30 јануари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за февруари 2022 година.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар