Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе
Вага
Важно е да знаете дека иако треба да бидете толерантни кон луѓето со различни ставови од вашите, сепак, оваа недела е подобро за вас да бидете опкружени со луѓе кои се ваши истомисленици. Престанете да трошите енергија на луѓе кои не се грижат за вашата среќа. Наместо тоа, посветете им внимание на оние на кои вистински им значите.
Скорпија
Во ред е што сè уште не знаете сè за тоа кои сте и што сакате. Вашата голема авантура сè уште не е завршена. Бидете трпеливи со себе до самиот крај. Ако на моменти се чувствувате изгубено, оваа недела можеби ќе го откриете патот што се чини дека ќе одведе дома, до вашето спознание. Времето ќе ви го покаже најдоброто решение за одредени проблеми.
Стрелец
Време е да почнете да размислувате „надвор од кутијата“ додека истовремено сте реални со она што сте способни да го направите. Можете да сонувате за големи нешта, но овие визии треба да бидат нешто за кое сте свесни дека можете да го реализирате. Време е да се стекнете со самодоверба. Тоа ќе придонесе и за подобрување на вашето ментално здравје.
Јарец
Оваа недела не е идеално време за трошење пари. Ако добивте наследство, астролозите ви препорачуваат да започнете со штедење наместо да ги трошете пари на непотребни работи. Не препуштајте му се на искушението за импулсивно трошење. Наместо тоа, запрашајте се дали работите што ги посакувате имаат вистинска вредност.
Водолија
Оваа недела се чувствувате желни за муабет. Бидете свесни дека целта на муабетот не е постојано да бидете во право туку и да ги земете предвид размислувањата и на соговорниците. Бидете флексибилни и не го водете разговорот на начин на кој вие би сакале да се одвива, туку препуштете му се. Можеби ќе дознаете и нови работи.
Риби
Доколку сè уште не се чувствувате удобно онаму каде што сте, продолжете да трагате по друга дестинација. Не сте единствените кои се чувствуваат потиштено бидејќи не припаѓаат во средината во која живеат. Тоа не е ваша грешка и престанете да се обвинувате себеси. Кога-тогаш ќе го најдете своето место каде ќе се чувствувате како дома.
Откако прочитавте што ви предвидуваат астролозите оваа недела, ви препорачуваме да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе ја пронајдат изгубената љубов во следниот период.
Извор: yourtango.com