Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

Почнувајќи од 22 ноември, Сонцето ќе биде во знакот на Стрелец што значи дека почнуваме да се ослободуваме од притисокот на сите тешкотии со кои моравме да соочиме досега и да се фокусираме на сето она што сме го научиле. Фокусот ќе ни помогне и успешно да ја дочекаме новата 2022 година. Во продолжение прочитајте како ѕвездите и планетите ќе им влијаат на хороскопските знаци оваа недела.

Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

Овен

Оваа недела ќе имате време да им се посветите на вашите идеи и размислувања. Имајте на ум дека ова не е само миг на уживање со ширум отворени очи, туку и многу поучен момент за да дознаете нешто повеќе за себеси и што е тоа што ве движи во животот. Вие самите одлучувате за својата судбина, а тоа ќе го сфатите оваа недела. Искористете ја можноста да бидете среќни кога ќе ви се укаже.

Бик

Оваа недела е совршен момент да се фокусирате на вашите здравствени цели. Не треба да го чекате последниот ден од годината за да преземете акција, искористете ја оваа недела и почнете со здрави навики. Дајте си време да размислите што значи благосостојбата за вас и на кои начини можете да ја практикувате без притоа да чувствувате притисок.

Близнаци

Оваа недела ќе сфатите дека вашите врски, романтични или платонски, никогаш не траат толку долго колку што мислите дека треба. Имате впечаток дека ништо околу вас не е трајно. Во деновите што доаѓаат ќе имате можност да го разберете природниот тек на нештата и дека тие не траат вечно. Тоа ќе ве натера да ги промените очекувањата кон луѓето околу вас.

Рак

Ништо не е како што се чини. Ако се соочувате со моменти на тага и депресија, знајте дека на крајот од тунелот ве чека светло. Оваа недела можеби ќе има моменти кога ќе треба да го прифатите непознатото и да продолжите иако сте полни со прашања и сомнежи. Од друга страна, бидете внимателни ако работите изгледаат премногу добри за да бидат вистинити.

Лав

Ништо во вашиот живот нема да се оствари ако само седите и чекате. Оваа недела земете ја вашата судбина во свои раце. Пријавете се за работното место за кое немате доволно искуство, дајте го вашиот телефонски број на личноста со која сте флертувале. Преземете храбра акција и откријте каде ќе ве однесе. Подобро е нештото да го направите отколку постојано да се прашувате што можеше да се случи ако бевте доволно храбри.

Девица

Не мора во овој момент да имате испланирано сè за вашиот живот, но добро би било доколку работите на случајот. Имате уште многу простор за развој и надградба, а најдоброто допрва доаѓа. Престанете да се осудувате себеси затоа што сè уште не сте онаму каде што сакате да сте и фокусирајте се на авантурите што ќе ви ги донесе животот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар