Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Оваа недела ќе се сретнете со некој со кој сте сакале да разговарате, но сте нашле милион причини да не дојде до таа средба, до сега. Сепак, Марс ќе ја овозможи средбата со личноста со која треба да разговарате. Можеби ќе се чувствувате нервозни, но мора да го кажете она што ви е на ум бидејќи универзумот ќе ве постави на вистинското место во вистинско време за да го направите тоа.

Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Она што треба да го надминете оваа недела е чувството на сомнеж во себе. Освен тоа, ќе сфатите дека сериозно си го губите времето и не само тоа, се потценувате себеси. Време е да ја искористите моќта што ви ја пружи универзумот и да се придвижите.

Стрелец

Оваа недела ќе наидете на многу можности, но внимавајте да не ја уништите вашата среќа со претерано размислување. Сега само вие сте одговорни за вашата судбина, но не дозволувајте ова сознание да ве исплаши. Од друга страна, не претерувајте со очекувањата.

Јарец

Не само што ќе го почувствувате интензитетот на транзитот на Марс оваа недела туку и ќе дозволите многу работи да се одвиваат на погрешен начин. Она што ќе започне како ваша желба за нов почеток или нов живот може да заврши со тоа што ќе отфрлите сè бидејќи тоа не се случило доволно брзо. Затоа, мора да внимавате на вашето темпо оваа недела.

Водолија

Во текот на оваа недела ќе се чувствувате како да можете да правите што сакате и дека нема да попуштите пред притисоците на кои ќе наидете, но грешите доколку мислите дека можете да ги оставите работите недовршени (благодарение на вашата расеаност), а нема да можете! Затоа, обидете се да избегнувате да преземате одговорност во следните денови.

Риби

Оваа недела фокусирајте се на она што го сакате. За среќа, она што сакате да го направите е едноставно и ви треба само малку мир. Ќе се чувствувате многу креативни оваа недела, а сè што навистина ви треба е личен простор и слобода да ја вршите вашата работа со ваше темпо. Не грижете се бидејќи сезоната на Близнаци и интензитетот на Марс ќе ви го овозможат тоа!

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те најманипулативни хороскопски знаци.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар