Неделен хороскоп од 21 до 28 ноември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Ќе ги решите проблемите кои неодамна се појавија и затоа не треба да се грижите за нив. Сепак, внимавајте бидејќи одолговлекувањето на одредени обврски може да доведе до заборав и доцнење. Од друга страна, имате шанса да постигнете нов успех во поглед на кариерата.
Скорпија
Не треба да брзате со иновациите: тие се секако корисни, но сепак не е вистинско време за промени. Од друга страна, ќе мора да се борите против апатијата и мрзеливоста и затоа обидете се да бидете колку што е можно поактивни. За време на викендот обидете се да ги решите насобраните проблеми во семејството.
Стрелец
На работа ве очекува можност за учество во нов проект. Не заборавајте дека за да стекнете лидерски позиции, мора да станете трпелива и самоуверена личност. За време на викендите, пак, внимателно планирајте го вашето време и не одложувајте ги важните настани.
Јарец
Потребна ви е комуникација, барем со блиски луѓе. Со задоволство ќе се поврзете со нив, но внимавајте на токсичните луѓе од вашата околина. Освен тоа, ќе успеете да откриете нови можности, но за тоа е потребна тишина и пријатна средина.
Водолија
Можеби ќе добиете интересна понуда која ќе ви донесе нови можности. Сепак, вреди добро да размислите пред да се согласите. Викендов посветете се на решавањето семејни проблеми што ќе доведе до воспоставување хармонија во семејството.
Риби
Подгответе се да преземете одговорност за донесување одлуки за вашите најблиски. Многу работи ќе успеат по инерција. Од друга страна, не влегувајте во расправии и обидете се да најдете компромис и заеднички јазик. За време на викендот, пак, подобро е да не планирате многу работи, да се опуштите и да се одморите.
Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и какви промени го очекуваат секој хороскопски знак до крајот на 2022 година.
Извор: sensa.mondo.rs