Неделен хороскоп од 21 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 21 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Ќе бидете активни во остварувањето контакти, па доколку сè уште не сте во врска со некого најверојатно ќе запознаете некого. Барем за пријатен разговор на кафе. Некои, пак, ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност.

Кариера: Ќе сфатите дека сте уморни и дека ви треба двојно повеќе време за да ги правите работите што вообичаено ги правите побрзо. Затоа е потребно внимателно да го планирате работното време.

Неделен хороскоп од 21 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Вашиот љубовен живот ќе продолжи во добра насока. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сè уште не се во врска ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Освен тоа, ќе има забавни, но и пријатни искуства во атмосферата на вашиот дом.

Кариера: Работната недела ќе биде прилично интересна. Од една страна, едвај чекате да се изразите и да покажете што можете, но од друга страна, попаметно ќе биде да молчите или да одложите некои прашања. Најдобро ќе направат оние кои знаат да балансираат.

Стрелец

Љубов: Во текот на следните денови ќе влезете во подискретна љубовна фаза и ќе се зајакне потребата за повлекување. Оние кои сè уште не се во врска нема да бидат многу активни во барањето нови познанства.

Кариера: Напредокот во кариерата е ветувачки, но и тежок. Потребна е подобра организација, како на плановите, така и на реалното спроведување на работните задачи. Сепак, ќе имате доволно енергија да ги завршите сите задачи.

Јарец

Љубов: Секојдневните страсти и емоции ќе го обележат вашиот приватен живот оваа недела. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина со задоволство ќе ги паметат овие денови. Луѓето од спротивниот пол со задоволство ќе ве поканат во нивното друштво.

Кариера: Кој ќе се обиде да ви приговори, вие ќе знаете како да одговорите. Не е идеалното решение, но понекогаш нема да можете да се контролирате. Сепак, би било подобро да се воздржите.

Водолија

Љубов: Поголемиот дел од слободното време ќе го поминувате во самотија и мечтаење. Можностите за љубов едноставно ќе ве одминуваат. Но, немојте да бидете тажни, бидејќи оваа фаза наскоро ќе помине.

Кариера: Откако ќе ги добиете потребните информации, ќе тргнете во акција уште повеќе посветени на вашите цели. Ова е периодот кога ќе почнете да реализирате многу од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детаљ, но ќе треба да вложите многу труд за да успеете.

Риби

Љубов: Веројатно ќе ви биде малку здодевно бидејќи партнерот нема да ги исполни вашите љубовни очекувања деновиве. Не се разочарувајте и имајте на ум дека со мир и хумор можете доста успешно да одржувате солидна врска.

Кариера: Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои треба да комуницирате за неважни работи. Направете избор и одредете што е приоритет. На тој начин, нема да се чувствувате како да сте го трошеле времето на непотребни размислувања.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар