Неделен хороскоп од 21 до 27 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 21 до 27 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Овие денови целосно ќе му се посветите на семејството или барем, на еден од членовите. Доколку од неодамна сте започнале нова врска, време е да почнете да покажувате повеќе разбирање за другата страна. На професионален план, успешно ќе се справите со сите пречки. Многумина ќе се изненадат од вашата смелост при реализирањето на нови проекти.

Неделен хороскоп од 21 до 27 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Доколку сте во врска, посетата на некое интересно место ќе внесе свежина во односот со партнерот. Ако сте сами, не пропуштајте ги можностите да се дружите со пријателите, ќе ви годи. На работа, надредените би можеле да ја променат својата тактика и да донесат нови одлуки кои ќе мора да ги прифатите. Обидете се да се приспособите најдобро што можете затоа што на тој начин и работните обврски значително ќе ви се олеснат.

Стрелец

Доколку не сте во врска, намалете ги вашите љубовни очекувања бидејќи ќе наидете на голем број нови познанства, но сите тие ќе бидат од површен карактер. Доколку пак, сте во врска, ве очекуваат мирни денови. На работа ќе добиете многу предлози од надредените, но вие самите нема да можете да влијаете на работите. Ќе се чувствувате како набљудувач, но не заборавајте дека е од голема важност да соработувате и да слушате внимателно. Тоа што не функционира сега, ќе успее подоцна. Доволно е да бидете трпеливи.

Јарец

Што се однесува до приватниот живот, семејните предизвици ќе ви бидат приоритет оваа недела, а тоа може да доведе до заладување на односите со партнерот. Во поглед на кариерата, како што одминува неделата ќе станувате сè покреативни. Затоа, ќе почнете да работите со поголемо задоволство, а вашите идеи ќе бидат прифатени, особено од страна на младите колеги. Некои од вас ќе имаат можност да настапат пред публика.

Водолија

Вашата љубопитна природа ќе стане поумерена, а вие ќе бидете посмирени, барем кога љубовта е ви прашање. Ќе уживате во многу мали и обични ситуации. На работа ќе покажете поголема креативност, а интуицијата ќе ви биде најдобриот водич. Голем успех ги очекува оние кои се занимаваат со некаков истражувачки проект, но и оние кои се бават со уметност.

Риби

За некои од вас поважно ќе ви биде она што другите го мислат за вас и партнерот, па затоа ќе внимавате каде се појавувате и како изгледате. Не заборавајте дека внатрешното е секогаш поважно од надворешното. Ќе бидете среќни само доколку сте искрени. На професионален план, можностите за развој во кариерата ќе бидат тесно поврзани со стресот и борбата. Доволно е да ги процените силните и слабите страни на противниците за да делувате реално и паметно.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 21 до 27 февруари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за март 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар