Неделен хороскоп од 20 до 26 декември: Нè очекуваат убави работи!
Вага
Во средината на неделата ќе се соочите со негативните мисли како и лоши соништа. Сега не е идеалното време за интроспекција, па затоа не дозволувајте негативните емоции да ве контролираат. Поминувајте колку што е можно повеќе време со вашите сакани за да го подобрите расположението. По можност, правете подолги прошетки на свеж воздух.
Скорпија
Во текот на оваа недела внимавајте кому му верувате но и обидете се да не преземате туѓа одговорност. Колку повеќе се посветите на работата, толку побрзо ќе ви се исплати сиот труд. Позитивното размислување ќе ви помогне да постигнете успех без разлика дали се работи за професионален или личен план.
Стрелец
Бидете извор за инспирација за саканата личност. Иако на вашиот пат ќе наидат непријатни луѓе, сепак знаете како да се справите со нив. Оваа недела е погодна за физичка активност и менување на околината.
Јарец
Пред почетокот на новата година обидете се да ја пронајдете внатрешната хармонија. Оваа недела е одлична за купување нова облека и промена на имиџот. Доколку спортувате или држите диета, ѕвездите ќе ви ја олеснат работата. Во периодот што следува ќе зрачите со самодоверба, а тоа ќе значи дека ќе имате поголеми шанси да привлечете потенцијални партнери.
Водолија
Во текот на оваа недела обидете се да најдете нови цели и притоа точно дефинирајте што сакате од животот и во која насока сакате да одите. Непотребното купување може негативно да се одрази врз вашиот џеб затоа препорачливо е кога купувате да понесете пријател, член на семејството или партнерот за да не купувате работи што не ви се потребни.
Риби
Време е да почнете со подготовките за новата година. Чистењето на домот ќе ви помогне да ги исчистите телото и душата од негативните емоции, а оваа недела е погодна за промена на околината, за патување, шопинг, нови познанства. Планетите се на ваша страна, па затоа не е за чудење доколку постигнете голем успех на работа.
Откако прочитавте за неделниот хороскоп од 20 до 26 декември, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во декември.
Извор: sensa.mondo.rs