Неделен хороскоп од 20 до 25 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 20 до 25 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Почнувајќи од средината на неделата, ве очекува живот полн со промени. Доколку наидете на тешкотии во работата и во други области, ќе можете да ги пребродите со поддршката од пријателите и блиските. Покрај тоа, со доаѓањето на пролетта, ќе имате повеќе сила и енергија.

Неделен хороскоп од 20 до 25 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Оваа недела ќе имате одлична можност да ја пронајдете својата цел и да го подобрите својот живот воопшто, и покрај присуството на Венера. Тоа значи дека ќе можете да донесете правилни одлуки без да ги загрозите социјалниот статус. Меѓу другото, успешно ќе се браните и од токсични луѓе и „енергетските вампири“.

Стрелец

Енергетската поддршка на планетите можеби нема да биде доволна за спроведување планови и промовирање иницијативи. Но, не заборавајте дека брзите начини за решавање на проблемите можат да играат важна и корисна улога во обидот да излезете од темнината во светлина. Од друга страна, имајте на ум и дека успехот може да се постигне само со детална проценка на ситуацијата. Нема потреба интуитивно да носите судбоносни одлуки.

Јарец

Наместо да се дружите со токсични луѓе, опкружете се со оние кои се позитивни и ве поттикнуваат да растете. Внимателно следете ги дојдовните информации и секогаш проверувајте ги фактите пред да донесете одлука. Тоа ќе ве одведе до успехот.

Водолија

Наскоро вашиот животот ќе се промени, но поради активноста на Венера не е јасно во која насока. Сепак, влијанието на Меркур ќе ви помогне да ги отворите очите за некои важни детали. На тој начин ќе разберете нешто што претходно не сте го разбирале или ќе научите нешто исклучително важно.

Риби

Треба да престанете да ја користите импровизацијата како главен начин за решавање на проблемите. Венера е вашиот најважен покровител, па од 20-ти до 26-ти февруари многумина од вас ќе почувствуваат намалување на енергијата, што може да доведе до замор и исцрпеност. Нема потреба да трошите премногу време и напор на нешто што не функционира. Најдобро би било да одите на привремен одмор.

Откако ја прочитавте астролошката прогноза за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар