Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Ослободете се од преголемите љубовни очекувања бидејќи сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Освен тоа, бидете толерантни и духовите и не наседнувајте на провокациите на партнерот. Се работи за минлива ситуација.

Кариера: Некои од вашите соработници отворено ќе ви ја покажат својата наклонетост, а други подеднакво ќе ви покажат дека не им се допаѓате. Прифатете ги и двете ситуации на смирен начин и следете ги утврдените правила.

Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Обидете се да останете смирени во текот на првите денови затоа што ве очекува поповолно љубовно влијание во втората половина од неделата. Благодарение на вашата самоконтрола ќе можете полесно да најдете заеднички јазик со саканата личност.

Кариера: Соработката со угледни и професионални луѓе е на повидок. Затоа, не бидете премногу скромни и дозволете си да ги споделите сопствените амбиции. Освен тоа, не пропуштајте ги новите можности.

Стрелец

Љубов: Многумина од вас ќе откријат кој е вашиот љубовен идеал и ќе ја започнат потрагата врз основа на тој критериум. Некогаш ќе бидете поблиску, а некогаш подалеку. Сепак, нема да се откажете сè додека не го пронајдете она што е најблиску до него.

Кариера: Не отстапувајте од она што сте го замислиле и обидете се да го спроведете докрај. Вашите идеи се одлични и затоа ќе ви донесат поволни резултати.

Јарец

Љубов: Можно е да очекувавте нешто подобро во споредба со она што ви се случува, но доколку тоа го искористите како можност за развој и созревање, пак ќе бидете на победничката страна. Од вашиот пристап ќе зависи и како ќе се чувствувате во личните односи.

Кариера: Ќе бидете борбени и полни со енергија, а тоа ќе се должи на фактот дека сега знаете што точно сакате па нема да губите време на непотребни размислувања.

Водолија

Љубов: Веројатно очекувавте нешто поразлично од она што го живеете и чувствувате, но тоа е само привремена конфузија со која ќе треба да се справите на вешт начин. Освен тоа, имате доволно енергија за да се справите со непредвидените ситуации.

Кариера: Способноста за комуникација со другите ќе ви биде од голема полза на работното место. Сепак, придржувајте се до правилата и бидете професионални докрај.

Риби

Љубов: Првата половина од неделата ќе ви донесе мигови на хармонија со партнерот или дискретна потрага по сродната душа доколку не сте во љубовна врска. Во вториот дел од неделата ве очекуваат возбудливи и страстни моменти.

Кариера: Иако претпоставените ќе покажат одредена наклонетост кон вас, сепак тешко ќе биде да најдете заеднички јазик. Проблемот е што и двете страни ќе сакаат да доминираат, а во хиерархискиот бизнис тоа нема да функционира. Обидете се да сфатите каде припаѓате и кои се вашите задолженија.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се збогатат во септември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар