Неделен хороскоп од 18 до 24 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?
Еве што ни предвидуваат астролозите за оваа недела!
Овен
Љубов: Првите неколку денови оваа недела ќе ви донесат пријатни љубовни настани, а од средината на неделата работите ќе се вратат во нормала. За оние кои се во врска постои ризик од „заладување“ на односите.
Кариера: Доколку сте во можност, побарајте неколку слободни дена кои можете да ги искористите за одмор и за полнење на батериите. Одморот во природа ќе ви помогне да донесете деловни одлуки.
Бик
Љубов: До средината на делата вашите љубовни аспирации ќе бидат од платонски карактер, но потоа ситуацијата ќе почне да се смирува, па ќе ви се врати волјата за љубов.
Кариера: Во позиција сте кога мора да се прилагодите на програмата која другите ја одредиле. За жал, немате друг избор освен да издржите.
Близнаци
Љубов: Уживајте во друштвото на саканата личност, но внимавајте да не претерате. Со малку самоконтрола сè ќе биде во ред.
Кариера: Ве очекуваат нови обврски и правила според кои треба да се раководите. Не заборавајте дека доколку имате прецизен план можете навремено да ги извршите сите обврски.
Рак
Љубов: На луѓето околу вас ќе им оставите впечаток на шармантна и заводлива личност. Освен тоа, постои веројатност дека некое од новите познанства може да прерасне во љубов.
Кариера: Ќе бидете поактивни од вообичаено, а целта ќе ви биде да ја развиете максимално вашата креативност. Ќе наидете и на нови предизвици, но ништо нема да ви биде тешко со оглед на тоа дека ќе бидете подготвени и за прекувремена работа.
Лав
Љубов: Не заборавајте дека успехот во приватниот живот ќе зависи само од вас и од вашата способност за самоконтрола. Доволно е да се обидете бидејќи нешто убаво е на повидок.
Кариера: Ве очекуваат нови можности во работата, особено доколку работите во областа на спортот или уметноста. Обидете се правилно да ги искористите.
Девица
Љубов: Влијанието на љубовните планети врз вашиот приватен живот ќе биде минимално, па така ќе имате впечаток дека љубовта ве одминува. Освен тоа, вашето расположение ќе се менува од час во час, така што во еден момент ќе сметате дека сè е можно, а во друг момент ќе изгубите храброст за каков било подвиг.
Кариера: Ве очекува поголема материјална добивка која ќе ве поттикне максимално да се посветите на она што го работите.
Продолжува на следната страница…