Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Потребно е да се одморите од секојдневниот метеж, да ги исклучите сите телефони и да се повлечете во мир и тишина. Ова е добро време и да се фокусирате на сопствениот духовен развој. Ќе успеете да решите некои ваши сомнежи и комплекси, да се ослободите од стравовите и да пронајдете душевен мир. Добрата вест е дека ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба оваа недела.

Неделен хороскоп од 17 до 23 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Можен е конфликт со пријател, кој може да доведе до долга расправија или дури и прекин на пријателството. Од друга страна, во овој период можете да запознаете интересна и пријатна личност со која ќе развиете пријателски односи. Оваа недела ќе биде поволна за комуникација и склучување нови зделки. Користете ги вашите контакти за да запознаете уште повеќе нови луѓе, а еден од нив може да биде вашиот иден деловен партнер.

Стрелец

Оваа недела ќе морате да се справите со одредени тешкотии во односите со партнерот. Сè што ќе кажете или ќе направите ќе наидува на неодобрување и незадоволство, нема да имате поддршка за ништо. Сега е вистинско време да ја преиспитате вашата врска и да се запрашате себеси дали вреди и понатаму да продолжите со истата.

Јарец

Оваа недела копнеете по знаење и нови искуства. Запишете се на курс, научете нов јазик. Искористете го времето за нешто корисно што може да ви донесе многу придобивки во иднина. Некои од вас ќе заминат на возбудливо патување и ќе запознаат многу интересни луѓе. Само, внимавајте да не ги занемарите финансиските прашања.

Водолија

Оваа недела ќе бидете желни за авантури и ризици и ќе почувствувате огромен наплив на адреналин. Сепак, пазете се од непромислено однесување бидејќи големи се шансите да ги изгубите сите пари, особено во првата половина од неделата. Доколку сте во врска, сега е одлична можност да ја зацврстите вашата врска и да ги загреете страстите. Оние кои се слободни имаат шанса за романса со колега.

Риби

Бизнисот ќе ви биде во фокус оваа недела. Ве очекуваат нови партнерства со успешни соработници. Меѓутоа, во личните односи можни се тешкотии со партнерот. Обидете се да ги разјасните сите несогласувања пред да биде предоцна.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе ни донесе затемнувањето на Сонцето во Скорпија на 25 октомври.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар