Неделен хороскоп од 17 до 23 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 17 до 23 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Приватните односи ќе ви бидат добри, но нема да имате причина да бидете ентузијасти. Оваа монотонија понекогаш ќе биде разбиена со мали кавги или провокации. Обидете се да останете смирени докрај.

Кариера: Ќе размислувате за својата иднина, а особено за вашите таленти. Ќе сфатите дека тие не се целосно изразени и искористени. Ќе барате начини да ги вметнете во работата што ја работите, а некои од вас ќе започнат нов бизнис.

Неделен хороскоп од 17 до 23 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Ќе размислувате и анализирате што недостасува во приватниот живот. Ќе имате потреба да се повлечете, а ќе ги намалите љубовните очекувања и ќе станете реалист.

Кариера: Ви претстои многу работа, а заедно со тоа и многу напори. Деновиве ќе почувствувате дека понекогаш ви недостасува концентрација за сè што треба да направите. Затоа е важно добро да се организирате за да бидете поефикасни.

Стрелец

Љубов: Иако објективно вашата врска ќе напредува одлично, вие самите ќе бидете склони кон недоразбирања. Ваквиот пристап ќе ви одземе дел од спонтаноста, затоа не претерувајте. Опуштете се.

Кариера: Повеќе сакате рамнотежа отколку да се борите, но деновиве сепак ќе треба да се борите за некое од вашите права. Не заборавајте дека тие секогаш доаѓаат со обврски и одговорности. Не бегајте од ништо. Ќе успеете да ги поставите работите на свое место.

Јарец

Љубов: Оние кои се веќе во врска ќе размислуваат како да ја зацврстат врската со саканата личност. Некои мали правила ќе функционираат и ќе воспостават постабилни критериуми за меѓусебно однесување.

Кариера: Ќе се интензивира соработката со шефовите на компанијата во која работите. Ќе треба да се докажете како сериозен и професионален соработник. Исто така, можно е вашите достигнувања да се мерат или контролираат во секое време.

Водолија

Љубов: Во текот на наредните денови ќе влезете во подобра, но и подискретна љубовна фаза. Оние кои сè уште не се во врска нема да инсистираат на излегување, додека оние во врска ќе поминуваат сè повеќе време дома во друштво на партнерот.

Кариера: Сега ќе имате можност да ги покажете вашите деловни вештини и знаења. Многу е веројатно дека вашето влијание врз другите ќе се зголеми, а на вас е да го прифатите тоа како нова одговорност. Бидете професионални.

Риби

Љубов: Ќе продолжи вашата интересна љубовна фаза во која нема да недостига страст. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријателите. Во суштина, малкумина се оние кои ќе бидат сами.

Кариера: Ви претстојат интересни предизвици. Сепак, тие се неизбежно поврзани со стрес, па дури и со борби. Прво, добро погледнете што ви се нуди, измерете ги правилно сите елементи и дури потоа дејствувајте. Нема потреба од брзање.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар