Неделен хороскоп од 17 до 23 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Љубов: Добро ќе ви се развиваат приватните односи. Малите сомнежи ќе бидат минливи, затоа не им придавајте важност. Вратата на нечие срце ви е отворена, па бидете таму каде што чувствувате дека припаѓате.
Кариера: Следејќи го вашиот пат, ќе стигнете до фаза во која треба да им служите на другите. Токму оваа доблесна особина ќе дојде до израз деновиве, најмногу затоа што ситуацијата ќе се развива во таа насока. Потпрете се на вашите знаења и искуства.
Бик
Љубов: Ќе се чувствувате прилично сигурно во вашата врска. Ќе бидете подготвени за разни лудории, дури и ризици, бидејќи знаете дека вашиот партнер ве сака најмногу на светот. Оние кои сè уште не се во врска, ќе го привлечат вниманието на другите со својата креативност.
Кариера: Ве очекува зацврстување на врските и соработката со луѓе од професијата или со странци. Ќе има и такви кои заради работата ќе истражуваат нешто сосема непознато.
Близнаци
Љубов: Не влегувајте во расправии бидејќи нема да завршат добро. Наместо тоа, покажете ја сета ваша љубов кон партнерот за време на убавите заеднички моменти.
Кариера: Успехот ќе биде на дофат, но кога малку повеќе ќе размислите, ќе забележите дека на сето тоа му недостасува вистинска волја. Барајте инспирација која ќе ви овозможи подобро да си ги организирате работните обврски.
Рак
Љубов: Ви претстојат денови полни со излегувања и забави. Многумина ќе го подобрат својот социјален живот, ќе запознаат интересни луѓе, а ќе има и такви кои ќе бидат на работ да се заљубат. Колку повеќе мислите на другата личност, толку повеќе и таа ќе мисли на вас.
Кариера: Проширете ги вашите деловни контакти. Ова ќе ве поттикне да работите понатаму со уште поголема посветеност. Го цените сечиј труд, но особено се важни и отвореноста и поврзаноста со другите.
Лав
Љубов: Далечината што ќе ја забележите во личните односи понекогаш навистина ќе ве загрижи. Прифатете ја како можност да работите на вашиот сопствен развој. Ова е минлива фаза низ која мора да поминете.
Кариера: Бидете отворени и кооперативни, бидејќи на крајот се работи за заеднички резултати кои ќе дојдат подоцна. Благодарноста која ќе следи ќе ви биде нов мотив за работа.
Девица
Љубов: Сè уште не е време за големи љубовни афери, но чувствувате дека тие наскоро може да се најдат на дневен ред. Затоа сонувајте и планираjте во тишина.
Кариера: Се чини дека сите чекаат нешто, но вие веќе нема да чекате ништо. Знаете дека од вас зависи дали ќе се прилагодите или не. Сè што ви треба е малку самоконтрола.
Продолжува на следната страница…