Неделен хороскоп од 17 до 23 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Можеби ќе имате проблем да изберете помеѓу две подеднакво атрактивни опции. Од друга страна, ова ќе биде одлично време за промена на кариерата. Обидете се и да се поврзете со повеќе луѓе.
Скорпија
Оваа недела ќе наидете на можност за вистинска промена во животот! Првиот емотивен импулс ќе ве натера да ризикувате и да донесете избрзани одлуки. Затоа, обидете се смирено да ги анализирате новите информации и на тој начин да одлучите.
Стрелец
Ве очекува успех во бизнисот и можност да ги направите вистинските одлуки и покрај сите емоции и импулси. Искористете го овој период и посветете му се максимално и на вашиот личен развој – ќе можете активно да ги решавате деловните прашања и да водите важни преговори.
Јарец
Ве очекуваат важни настани во вашиот личен живот. Покрај тоа, ќе биде добро ако посветите повеќе внимание на сопствениот изглед.
Водолија
Ова е вистинското време да прифатите нечија понуда. Покрај тоа, новите интереси и планови можат да ве доближат до партнерот.
Риби
Ова ќе биде поволно време за промени во односите со другите. Забрзајте го решавањето на важните прашања и не одложувајте важен разговор. Бидете прагматична личност.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Венера во Близнаци сè до 6 мај.
Извор: sensa.mondo.rs