Неделен хороскоп од 16 до 22 мај: Какви можности нè очекуваат?
Вага
Во следните неколку дена ќе размислувате за платонска љубов и за тоа како би изгледал вашиот идеален партнер. Згора на тоа, некои од вас ќе се двоумат дали да продолжат со досегашната врска или не. Соработката со влијателни луѓе ќе ви помогне да се истакнете, а астролозите ви препорачуваат да не бидете премногу скромни кога станува збор за вашите амбиции.
Скорпија
Доколку сè уште сте во потрага по сродна душа, обратете внимание на луѓето кои ги запознавате преку работата. Ќе откриете дека некој од нив покажува посебен интерес за вас веќе подолго време. Доколку сте во врска, ве очекува мирен и стабилен период. Од друга страна, оваа недела ќе биде и идеален момент да почнете да се занимавате со ново хоби.
Стрелец
Ќе бидете среќни со оглед на тоа дека другите ќе покажат поголемо разбирање кон вас, но и ќе бидете подготвени за нови љубовни приказни. Ова ќе ја зголеми не само вашата доверба кон другите туку и вашите очекувања од саканата личност. Што се однесува до работата, ве очекуваат нови ангажмани кои ќе бараат поголем труд. Но, тоа нема да ви претставува никаков проблем со оглед на тоа дека веќе подолго време ја чекавте оваа можност.
Јарец
Првите неколку дена во неделата ќе ви донесат убави љубовни моменти, но потоа љубовното расположение ќе почне да се намалува како и можностите за нови познанства. Во поглед на работата, чувството дека некој манипулира со вас и вашите блиски соработници ќе биде неизбежно. За жал, ќе биде точно. Сепак, нема потреба да се нервирате бидејќи ситуацијата за кратко време ќе се подобри.
Водолија
Првата половина од неделата ќе ви донесе мир и стабилност во врската. Доколку сè уште не сте во врска, ве очекуваат нови средби. Во втората половина, пак, интензитетот на средбите ќе се намалува. Астролозите ви препорачуваат да не си поставувате непотребни прашања за време на сиот овој процес. На работа, вашиот потенцијал лека-полека ќе излезе на површина, доволно е уште малку трпение.
Риби
Во деновите што доаѓаат вашата потреба за сигурност во љубовта ќе се зголемува сè повеќе и повеќе, но обидете се да најдете начин и разумно да се справите со емоциите. Што се однесува до работата, ќе бидете принудени да се прилагодите на нови ситуации и програми кои ќе ви бидат наметнати од вашите надредени. Сепак, обидете се да преговарате доколку постојат можности за тоа.
Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за летото 2022 година.
Извор: atma.hr