Неделен хороскоп од 16 до 22 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 16 до 22 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Не ги земајте при срце негативните настани што ќе се случат оваа недела. Ќе се соочите со лицемерието на луѓето околу вас, но не дозволувајте тоа негативно да ви влијае. Гледајте на сето тоа како на игра.

Неделен хороскоп од 16 до 22 јануари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Доаѓаат магични денови! Ќе има знаци насекаде околу вас кои ќе ви укажат дека универзумот ви испраќа позитивна енергија и ве советува да го следите своето срце. Бидете внимателни – ако често ги гледате истите бројки на часовникот, тоа е јасен сигнал дека ѕвездите ве набљудуваат и ве подготвуваат за важен настан.

Стрелец

Ве очекува напорна недела и многу обврски, но важно е да одвоите време за одмор. Грижете се за себе и за своето здравје за да се подготвите за новите потфати кои можеби ќе ве исцрпат, но на крајот ќе ви се исплати вложениот труд. На добар пат сте, продолжете да чекорите во оваа насока.

Јарец

Фокусирајте се на вашиот партнер. Покажете му дека се грижите, поминувајте повеќе време заедно, правете ги нештата што и двајцата ве усреќуваат. Ако, пак, не сте во врска, замислете дека веќе имате партнер. Што би правеле заедно? Ова е еден вид практична визуелизација што ќе ви помогне побрзо да ја запознаете вашата сродна душа.

Водолија

Оваа недела ќе откриете дека поседувате голема духовна сила, сила за која не бевте свесни порано. Негувајте ја и одржувајте ја бидејќи таа ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели.

Риби

Оваа недела ќе почувствувате потреба да направите добро дело, да донирате пари или да волонтирате. „Виновникот“ за вашата инспирација ќе биде личност која долго време го окупира вашето внимание и која сака да дадете сè од себе. Освен тоа, ве очекуваат и многу радосни моменти оваа недела.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае сезоната на знакот Водолија од 20 јануари до 19 февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар