Неделен хороскоп од 14 до 20 ноември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 14 до 20 ноември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Можете да го направите речиси невозможното, но вреди да размислите дали е потребно. Сепак, резултатот од вашето размислување е однапред познат – не мора да бидете тврдоглави и затоа преземете го овој товар, дури и ако се работи за моментален интерес. Меѓу другото, астролозите ви препорачуваат да го поминете викендот надвор од градот со пријателите.

Неделен хороскоп од 14 до 20 ноември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

На прагот сте на големи промени. Можеби ќе одлучите да ја промените вашата работа. Добро би било што побргу да ја преземете иницијативата во свои раце, да донесете брзи одлуки и да го завршите она што сте го започнале. За време на викендот не треба да инсистирате дека сте во право, бидејќи така можете да ги продлабочите недоразбирањата со луѓето околу вас.

Стрелец

На работа јасно поставете ги вашите цели. Веднаш ќе се чувствувате подобро. Ова ќе биде и добар период за ослободување од сето она што е излишно и застарено. Ќе имате среќа во бизнисот и комуникацијата доколку заземете активна позиција. За време на викендите, астролозите ви препорачуваат да му се посветите на домот.

Јарец

Пред да прифатите примамлива понуда, мора добро да размислите за да не бидете жртва на лажни ветувања. Астролозите ви препорачуваат да не се преземате никакви драстични мерки. Сепак, за време на викендот ќе треба да донесете сериозна одлука од која може да зависи вашата блиска иднина.

Водолија

Заборавете на вашите поплаки, отфрлете го овој товар и ќе се чувствувате како слободна и позитивна личност. Добро би било и да се обидете да ги решите недоразбирањата во односот со роднините. Од друга страна, ова не е време да ризикувате и да се препуштате на авантуристички приказни.

Риби

Дојде време за решителна акција. Не губете го времето на малите нешта и фокусирајте се на главните и значајните. За време на викендите, излегувајте на свеж воздух и вежбајте, истовремено зајакнувајќи ги и телото и духот.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар