Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето - Part 2

Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето

Вага

Оваа недела конечно ќе ги добиете заслужените признанија. Вашата креативна енергија пак, ќе ви помогне целосно да се фокусирате на клучните задачи. Сепак, многумина од колегите нема да ги прифатат вашите нови насоки, но не дозволувајте тоа да ве онерасположи. Од друга страна, можни се проблеми со партнерот. Што се однесува до здравјето, сè ќе биде во најдобар ред.

Неделен хороскоп од 14 до 20 март во поглед на кариерата, љубовта и здравјето

Скорпија

Ќе бидете преокупирани со обврски не само во професионалниот туку и во приватниот живот. Сепак, за секој труд што ќе го вложите, ве очекува признание. На другите ќе им оставите впечаток дека може да се справите со голем стрес и притисок. Но, останете доследни до крај на своите ветувања. Во поглед на љубовниот живот пак, ве очекуваат среќни мигови. Нема да имате никакви проблеми со здравјето.

Стрелец

Оваа недела ве очекуваат нови и интересни средби. Ќе откриете работи што отсекогаш сте сакале да ги дознаете. Во деновите што доаѓаат ќе размислувате и за промена на кариерата, што на долгорочен план ќе ви се исплати. Од друга страна, не дозволувајте пријателите премногу да влијаат врз вашите одлуки. Можни се расправии со партнерот, а проблемите со грбот конечно ќе исчезнат.

Јарец

Ве очекува значителен напредок на работа. Во втората половина од неделата поединци ќе ги исполнат ветувањата кои ви ги дале. Сепак, внимавајте да не избрзате со погрешни заклучоци и претпоставки. Постои можност да го обновите пријателството со некој со кој се знаете подолго време. Внимавајте на здравјето особено во поглед на периодичните главоболки.

Водолија

Ве очекува голем успех на работа. Сепак, ќе наидете на различни ситуации, па важно е да знаете како да се прилагодите. Од друга страна, нема да им никакви пречки за да се придржувате до распоредот кој сте си го поставиле. Внимавајте на импулсивноста. Не реагирајте набрзина и оставете ги поединците да ги научат своите грешки. Оваа недела нема да имате никакви проблеми во поглед на здравјето, но избегнете ги патувањата во четврток и петок.

Риби

Оваа недела ќе ги обновите старите познанства што можат да ви донесат нови можности. Сепак, голем дел од времето ќе го поминете во тривијални работи. Не заборавајте само дека е неопходно да бидете разумни при носењето одлуки. Оваа недела ве очекува голем успех во поглед на љубовта. Вашиот партнер ќе ви ја пружи сета поддршка што ви е неопходна, па така полесно ќе ги остварите вашите цели. Сè ќе биде во најдобар ред што се однесува до здравјето.

Откако прочитавте што ве очекува оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за април.

Извор: timesnownews.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар