Неделен хороскоп од 14 до 20 февруари: Разбудете ја вашата романтична страна!
За време на денот на вљубените, Меркур, планетата на комуникацијата, ќе влезе во Водолија и на тој начин ќе внесе поголема енергија и движење во нашите интеракции со другите. Во продолжение проверете го астролошкото предвидување за секој знак одделно за оваа недела.
Овен
Оваа недела универзумот ќе ви биде особено наклонет. Вашите успеси во поглед на кариерата ќе се множат, но сепак не заборавајте да си поставите и нови цели. Вашиот љубовен живот исто така изгледа ветувачки, па затоа не пропуштајте ги можностите за романтичен состанок.
Бик
Универзумот ќе ви пружи нови изненадувања и ќе ви отвори нови врати. Полната Месечина оваа недела ќе биде судбоносна за вас бидејќи ви навестува нови почетоци. Ве очекуваат многу можности за личен и професионален развој, а ваше е само да останете доследни на себе докрај.
Близнаци
Астролозите имаат добри вести за вас! Доколку сте во врска, ве очекува сериозен разговор со партнерот во врска со иднината. Покрај тоа, ве чека убаво изненадување во поглед на кариерата како покачување или аплицирање за подобра позиција. Време е да се посветите на остварување на сопствените цели при што универзумот дефинитивно ќе ви помогне да успеете!
Рак
Ѕвездите ќе ви бидат позитивно наклонети во поглед на романтичната врска, па затоа не пропуштајте ги можностите да поминувате колку што можете повеќе време со партнерот. Сепак, ако љубовта не ви е приоритет во моментот, искористете ја енергијата за да поработите на своите деловни проекти.
Лав
На денот на вљубените, Месечината е во вашиот знак што е причина плус да се чувствувате одлично расположени. Доколку не сте во врска, ова е одличен момент да ја поканите личноста за која долго време размислувавте, на состанок. Во текот на следните недели ќе чувствувате потреба и за подлабоки животни искуства.
Девица
Оваа недела ве очекува голема среќа во поглед на љубовта! Доколку сте во врска, не занемарувајте го денот на вљубените. Доколку пак сте слободни и заинтересирани за нова романса, постојат големи шанси дека ќе запознаете некого во следниот период. Од друга страна, полната Месечина ќе ви помогне полесно да се справите со сопствените стравови и несигурности.
Продолжува на следната страница…