Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Како што одминува неделата, ќе забележите дека се подобрува вашата комуникација со луѓе од спротивниот пол. Покрај тоа, ќе бидете многу привлечни и претприемнички расположени. Во такви околности можете да заведете многумина.

Кариера: Ќе пропуштите вистински предизвици бидејќи ќе бидете фокусирани на оние што ги доживувате секојдневно, обоени со стрес. Борете се, ќе ви се исплати.

Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Во текот на оваа недела вашите лични односи веројатно ќе се подобрат. Секој ден ќе бидете сè поподготвени за споделување со партнерот. Ви претстои можност за заедничко патување.

Кариера: Повеќето од главните потези ќе зависат од другите, но вие полека преземате дел од тоа во свои раце. Среќа што е така, затоа што треба да развиете некои од вашите идеи во пракса. Бидете похрабри.

Стрелец

Љубов: Љубовниот живот ќе ви биде просечен овие денови. Ќе бидете повеќе или помалку задоволни, но не толку за да можете да кажете дека сте пресреќни. Ќе има забавни, но и пријатни искуства во атмосферата на вашиот дом.

Кариера: Многумина од вас ќе патуваат во друг град на работа. Сето ова ќе ве освежи и ќе ви донесе нови идеи како да го подобрите она што го работите. Ќе има и такви кои лесно ќе разменуваат нови информации со колегите.

Јарец

Љубов: Нема да биде залудна енергијата која ќе ја вложите во зајакнување на односот со саканата личност. Вашите нови идеи, пак, ќе ја изненадат другата страна. Ништо нема да ве спречи да ги изразите вашите емоции.

Кариера: Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како вистински лидер. Сфаќате дека вредеше трудот и сега можете мирно да продолжите понатаму. Тоа ќе биде особено добро за оние кои веќе имаат големи резултати зад себе.

Водолија

Љубов: Веројатно ќе поминувате повеќе време на сосема обични места. Оние кои сè уште бараат сродна душа би можеле да ја најдат љубовта токму таму, додека оние кои се во врска секој ден се повеќе ќе откриваат колку ситниците значат во животот.

Кариера: Пред вас се некои нови можности, но само доколку не се откажете уште на почетокот. Тие можат и да ве насочат кон нов проект во кој можат да дојдат до израз некои ваши мали таленти и знаења.

Риби

Љубов: Во моментов сè ви оди сосема добро, а вашата мала несигурност е само плод на вашата фантазија. Разберете дека нема гаранција за ништо на овој свет, а кога ќе го научите тоа, ќе се чувствувате подобро.

Кариера: Тоа што го правите ќе го правите мирно, без премногу споделувања со другите. Ќе уживате во истражувањето на непознатото, но и на ситниците. Некои од вас ќе бидат пореални во амбициите. Станувате позрели.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае сезоната на знакот Лав од 23 јули до 22 август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар