Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 14 до 20 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Веројатно ќе ви биде малку здодевно бидејќи ништо нема да ги исполнува вашите љубовни очекувања деновиве. Не се разочарувајте, со мир и хумор можете доста успешно да ја одржувате вашата врска.

Кариера: Атмосферата на работното место ќе се подобри. Можно е провокаторите да се префрлат на друго место, па на сите ќе им биде полесно.

Бик

Љубов: Животот што го живеете сега се одразува на вашите лични односи на разновидни начини. Можете да побегнете, можете да страдате, иронично да се смеете. Веројатно ќе поминете низ сите овие реакции, но секогаш ќе имате доволно сила за да продолжите напред.

Кариера: Два чекори напред и еден чекор назад – вака може да се опише вашата работна недела овие денови. Сепак, размислете за вашите амбиции и планови.

Близнаци

Љубов: Ќе има мали љубовни грижи кои повремено ќе ви го влошат расположението, но тоа ќе биде сосема минливо. Сфатете го тоа како предизвик кој може да ве поттикне и двајцата да ја подобрите вашата врска уште повеќе.

Кариера: Ќе ги добиете одговорите што ги очекувавте и сега ќе продолжите со вашата борба до крај, односно до конечна победа. Овие промени ќе ве окупираат толку многу што понекогаш нема да размислувате за ништо друго.

Рак

Љубов: Ќе бидете привлечни, а целосно ќе го искористите и вашиот шарм за заведување. Ова всушност добро ќе ви оди во приватниот живот. Доколку сте во врска, ако се обидете да разговарате малку повеќе со другата страна, ќе наидете на недоразбирање. Затоа е најдобро да молчите.

Кариера: Понекогаш нема да можете да одморите од многубројните работни активности, но она што најмногу ќе ве изнервира е неодговорното однесување на некои од вашите колеги. Ќе се обидете да ги насочите да работат посовесно.

Лав

Љубов: На љубовен план нема да бидете расположени речиси за ништо овие денови. Од друга страна, оддалеченоста во личните односи ќе се јави како резултат на потребата од нежност на другата страна. Затоа, покажете барем малку внимание за да не зажалите подоцна.

Кариера: Повлекувањето во мирот на сопствениот дом ќе биде вашата главна преокупација оваа недела. Обидете се да ги одбегнете можните недоразбирања со надредените на вашето работно место.

Девица

Љубов: Деновиве повеќе ќе се фокусирате на тоа да бидете заедно со партнерот. Повеќе нема да ви требаат социјални атракции. Доволно ќе биде да останете дома со саканата личност или да одите некаде каде што ќе бидете сами.

Кариера: Погледнете повнимателно околу себе и ќе откриете дека многумина сакаат да соработуваат со вас. Потребно е подобро да се поврзете и да смислите подобар организациски план.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар