Неделен хороскоп од 13 до 20 март: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Со оглед на тоа дека вашиот знак е еден од најактивните и најенергичните знаци во Зодијакот, оваа недела ќе почувствувате огромен наплив на сила и енергија. Ве чека продуктивен период, но, сепак, астролозите ве советуваат да ги испланирате внимателно чекорите кои ќе ве приближат кон целта. Покрај тоа, обидете се и да ги избегнете непотребните трошоци и да не носите избрзани одлуки.
Бик
Оваа недела ќе ви биде многу поволна, особено во поглед на вашата ментална благосостојба. Ова ќе биде одличен период да работите на себе и да барате нови извори на приходи. Планетите позитивно ќе влијаат и врз вашиот љубовен живот. Со други зборови, ве очекуваат шанси за успех во речиси сите области од животот.
Близнаци
Оваа недела ќе можете да најдете рамнотежа и да ја пронајдете вашата насока во животот. Ако мора да побарате совет од други луѓе, слушајте ги оние на кои им верувате. Четврток ќе ви биде најповолен ден. Венера во Бик ќе ви даде можности да го подобрите животот и да ја поправите секоја непријатна ситуација што се случила претходно.
Рак
Астролозите ви препорачуваат да почнете да ги планирате важните работи и новите почетоци кои можат да ви донесат среќа оваа пролет. Избегнувајте лаги бидејќи измамата има негативно влијание врз судбината и енергијата. Во втората половина од неделата ќе имате можност да го остварите она што го сакате, но ќе имате потреба од поддршка од саканата личност.
Лав
Ве очекува недела исполнета со среќа и значајни настани во поглед на работата. Од големо значење е да останете смирени докрај, да продолжите со вообичаениот ритам и пристапот кон работата. Сепак, обраќањето внимание на деталите и претпазливоста во зборовите ќе ви помогнат да стекнете нечија поддршка.
Девица
Во текот на следниот период, Венера ќе ви помогне да го промените досегашниот ритам на животот. Со други зборови, промените ќе доведат до поволен живот во сите аспекти. Продолжете да работите на вашите цели.
Продолжува на следната страница…