Неделен хороскоп од 13 до 19 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 13 до 19 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Потрагата по нови начини на самоизразување и забава ќе ви помогне да започнете нов живот и да се расположите. Од друга страна, ќе мора да дејствувате одлучно, а тоа ќе бара многу енергија. Најверојатно ќе треба да ги погледнете работите од поинаков агол и да ја промените тактиката за да постигнете успех.

Неделен хороскоп од 13 до 19 февруари: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Оваа недела ќе бидете доведени во ситуација да ги преиспитате сопствените вредности. Најверојатно, промените ќе се случат дури и ако не сакате да ги почувствувате. Почнувајќи од понеделник важно е да се прилагодите на новите услови и да ги преземете уздите во свои раце. Ова ќе биде одлично време и за интелектуална работа. Во љубовната врска ве очекува многу среќа, особено за време на викендот.

Стрелец

Обидете се да не го трошите целото свое време на работа. Одвојте време за забава и дружба со пријателите, роднините и саканите. Креативната активност, релаксацијата и пријатните моменти ќе ви донесат многу позитивни работи. Од друга страна, време е за голема промена во вашиот живот. Ќе има нови ветувачки можности, но засега е подобро само да размислувате во таа насока.

Јарец

Оваа недела може да биде многу двосмислена за вас. Не донесувајте избрзани одлуки. Астролозите ви препорачуваат да го слушате внатрешниот глас и да научите да им верувате на вашите чувства. Одлуките донесени оваа недела секако ќе влијаат на вашата иднина, па затоа немојте да избрзувате.

Водолија

Можни се неочекувани пресврти. Среќата нема да ве напушти, но не секогаш ќе биде покрај вас. Може да се обидете да го претворите сонот во реалност со моќта на мислата. Важно е да размислувате позитивно и да замислите поволен исход.

Риби

Ова ќе биде многу поволен период кој ќе донесе спонтани состаноци, зголемено внимание од спротивниот пол и успех во бизнисот. Сите ваши долгорочни проекти ги очекува успех, а ќе настапат и пријатни промени во вашиот личен живот. Сепак, астролозите ви препорачуваат да им посветите внимание и на работите кои ги одложувате подолго време.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се соочат со одредени предизвици во февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар