Неделен хороскоп од 12 до 19 декември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 12 до 19 декември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Неделата ќе ви биде исполнета со комуникација со пријателите и колегите. Едно од новите познанства може да биде многу влијателна личност, а тоа ќе ви оди во прилог. За време на викендот обидете се да одвоите време за дружба со саканите.

Неделен хороскоп од 12 до 19 декември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Обратете повеќе внимание на деталите. Можеби ќе треба да се фокусирате на најважното. Ваша задача сега е да го одржите постигнатото и да избегнувате нагли промени. Не ги покажувајте вашите негативни емоции на луѓе на кои не им верувате. Викендите се добри за посети и состаноци.

Стрелец

Не дозволувајте да ве водат негативните емоции и не обидувајте се да контролирате сè. Можете да сметате на помошта од пријателите, но подобро е сега да се обидете сами да ги решите проблемите. Не заборавајте и дека сега е добро време да се уништи старото и да се изгради новото.

Јарец

Ќе имате можност да ги подобрите односите со колегите од работа и познаниците. Од друга страна, обидете се да не преземате туѓа одговорност и не претерувајте. Можеби вашите деловни вештини ќе бидат тестирани, но тоа нема да влијае врз вашиот професионален развој.

Водолија

Не влегувајте во непотребни расправии со пријателите и роднините бидејќи без нив животот сепак нема да ви биде среќен. Од друга страна, ве очекуваат среќни моменти на крајот од неделата.

Риби

Сите ваши тајни планови можат да се остварат, затоа бидете мудри и посакувајте го само она што навистина ви треба. Важно е да покажете нови вештини и способности пред колегите. За време на викендите, за да ги реализирате вашите планови, прво ќе треба малку да се повлечете во мир и тишина, а потоа со нови сили да продолжите напред.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Меркур во Јарец до 20 декември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар