Неделен хороскоп од 12 до 18 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Вага
Љубов: Нема ништо лошо во тоа да зборувате, но понекогаш зборовите можат да го уништат спонтаниот карактер на нештата. Нека вашата љубовна врска се одвива природно и без премногу анализи.
Кариера: Можностите за развој на вашата кариера ќе бидат поврзани со вашата волја да се борите докрај. Неопходно е да ги процените вашите силни страни, но и силните страни на вашите противници и да дејствувате паметно и реално.
Шкорпија
Љубов: Пред да почнете да ги анализирате туѓите односи, сетете се дека и вашиот љубовен живот може да биде мета на туѓи озборувања.
Кариера: Можно е да се појават стари проблеми на површина или ќе се јави потреба да соработувате со личности чиј однос не ви се допаѓа. Сепак, најважно е да останете присебни и да ги завршите своите обврски на професионален начин.
Стрелец
Љубов: Ви претстојат интересни искуства благодарение на кои ќе сфатите дека имате многу заеднички работи со вашата сакана личност. Им претстојат нови искуства и на оние кои не се во врска.
Кариера: Овој период ќе го означи и крајот на одредени работи, а тоа значи дека ќе треба да свртите нов лист во однос на кариерата. Сепак, не брзајте и одвојте време за да направите детална анализа за следните чекори.
Јарец
Љубов: Поголемиот дел од приватниот живот ќе ви биде насочен кон сосема обични активности во кои ќе уживате подеднакво вие и вашата сакана личност. Ќе знаете да ги цените малите нешта, а на ист начин ќе реагира и вашиот партнер.
Кариера: Во текот на целата недела ќе се фокусирате кон решавање на важно финансиско прашање. Така, ќе бидат отворени можностите за финансирање, распределба на средствата или кофинансирање. Бидете реални и професионални докрај.
Водолија
Љубов: Семејните предизвици во голема мера ќе ви го окупираат вниманието во приватниот живот, а тоа ќе се одрази негативно врз вашата љубовна врска.
Кариера: Ве очекуваат нови предизвици на работа. Ќе сфатите дека нема да биде лесно да ги реализирате вашите замисли и ќе ви биде потребна цела недела за да ја разјасните ситуацијата. Сепак, кога сè ќе ви се чини јасно, ќе се појават нови прашања.
Риби
Љубов: Каде и да одите ќе забележите дека многу погледи се вперени кон вас. Тоа ќе ви помогне да стекнете и нови пријатели. Доколку сте во потрага по вашата сродна душа, не седете дома. Доколку, пак, сте во врска, ве очекува мирен и хармоничен љубовен живот.
Кариера: На прв поглед некои работи ќе ви се чинат потешки отколку што навистина се. Ќе ве следи чувството како постојано да пропаѓате во земја и чувството на немоќ. Сепак, се работи за привремена и минлива ситуација.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и финансискиот хороскоп за септември.
Извор: atma.hr