Неделен хороскоп од 12 до 18 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 12 до 18 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 12 до 18 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Во текот на оваа недела некои работи ќе почнат да си доаѓаат на свое место. Сепак, малите вербални недоразбирања ќе бидат дел од вашето секојдневие, но обидете се да не им придавате големо значење. Доволно е да го слушате вашето срце и да го следите.

Кариера: Обидете се да не ги покажете емоциите во деловните комуникации бидејќи другите ќе ве сметаат за непрофесионална личност. Проценете колку и кога можете да ги покажете вашите чувства.

Бик

Љубов: Ќе бидете дружељубиви и тоа многу повеќе од вообичаеното. Доколку сте сами, поголемиот дел од слободното време ќе го поминувате со пријателите и на тој начин ќе се стекнете со нови познанства. Не се исклучува и можноста за нова љубов.

Кариера: Оние кои се занимаваат со работа од дома ќе добијат дополнителен ангажман кој неа да им се допадне. Ќе има и такви кои ќе иницираат промени на местото каде живеат, престојуваат или работат.

Близнаци

Љубов: Ве очекуваат интересни моменти бидејќи ќе имате можност за дружби со луѓе од спротивниот пол. Тоа ќе им овозможи на оние кои не се во врска полесно да ја најдат својата сродна душа.

Кариера: Сè уште не се решени финансиските проблеми, но решението е на повидок. Освен тоа, оваа недела ќе го насочите фокусот кон учење нови работи преку курсеви и усовршување на вашите вештини.

Рак

Љубов: Оние кои се во долга врска ќе имаат потреба од друштво, па така нема да изостанат забавите. Од друга страна, оние кои не се во врска ќе имаат можност да патуваат.

Кариера: Доколку барате нешто ново во однос на вашата кариера сега ќе можете да го добиете. Тоа ќе влијае позитивно врз вашиот професионален напредок и ќе ви биде поттик да им се посветите уште повеќе на работните задачи.

Лав

Љубов: Ќе најдете заеднички јазик со саканата личност во однос на одредени филозофски теми. Во текот на следните денови ќе разменувате идеи за сè и сешто, а тоа ќе ве исполни и двајцата.

Кариера: На соработниците нема да им бидат јасни вашите намери и можни се тензии онаму каде што најмалку очекувате. Сепак, ќе морате да го прифатите понуденото и да се приспособите најдобро што знаете и умеете.

Девица

Љубов: Најверојатно ќе ви недостигаат предизвиците во приватниот живот. Атракциите кои ги посакувате по секоја цена најверојатно нема да ги добиете па затоа не обидувајте се да ги присилувате нештата по секоја цена.

Кариера: Ќе треба да донесете одлука оваа недела, но нема да ги имате сите информации кои ќе ви бидат потребни за да направите добра проценка. Најдобро е уште на почетокот да одлучите што може да се одложи, а што не.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар