Неделен хороскоп од 12 до 18 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 12 до 18 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Ве очекува исклучително продуктивен и инспиративен период и тоа благодарение на транзитот на Меркур. Вашиот ум ќе биде поотворен и подготвен за нови перспективи. Доколку ви се укаже можност да патувате искористете ја. На тој начин ќе го изложите вашиот ум на уникатни светогледи и начини на размислување. Прифаќањето на интелектуалниот раст, новата култура и луѓето од различно потекло ќе ја зголемат вашата самодоверба.

Неделен хороскоп од 12 до 18 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Овој период ќе биде обележан со сложени теми и длабоки разговори. Користете логика заснована на факти наместо да се потпирате на суеверие или непотребно сомневање. Покрај тоа, финансиското вложување може да изгледа ветувачко, доколку останете логични до крај и целосно посветени на вашите замисли и идеи.

Стрелец

Кога планетата на комуникации го забрзува вашиот сектор за врски, би можеле да им посветите повеќе време на луѓето околу вас. Нека вашите омилени луѓе и теми бидат на врвот на вашата агенда за оваа недела. Ова е совршено време за брза соработка или стекнување пријатели. Време е да слушате и научите бидејќи некој друг има информации од кои би можеле да имате корист.

Јарец

Плутон се враќа во вашиот знак во недела, потсетувајќи ве на вашите падови и подеми за време на неговиот транзит низ Јарец од 2008 година. Размислете и забележете како сте се промениле и насоката која сте ја избрале. Добро би било и да преземете акција и да работите на прашања кои треба да се поправат, а не да се игнорираат.

Водолија

Креативноста, забавата и вашиот потенцијал за самоизразување ќе се зацврстат уште повеќе бидејќи Меркур ја зајакнува вашата имагинација. Доколку имате слободно време и сте расположени за романса во следните неколку недели, ова е време за брз состанок ако отсекогаш сте сакале да го направите тоа, но никогаш не сте се осмелиле да се обидете. Тоа може да биде состанок со познајник, вмрежување на настани или само за забава. Уживајте во секој момент и дружете се.

Риби

Во текот на следните две недели, личните и интимните разговори ќе бидат корисни. Не заборавајте да останете објективни. Поттикнете ја отворената комуникација, истражете ги чувствата околу некоја тема и прашувајте ги и другите за нивното мислење. Без разлика дали се работи за вашето семејство, пријателите или партнерот, ова е можност за учење повеќе еден за друг, самоистражување и интроспекција. Не заборавајте и дека водењето дневник може да биде одлична алатка за саморефлексија и набљудување.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци најмногу напредуваат кога не се во љубовна врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар