Неделен хороскоп од 11 до 17 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 11 до 17 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Знаете дека можете повеќе и подобро, но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен, а ниту вашиот партнер. Обидете се да го прифатите таков каков што е и ќе видите дека можете да бидете целосно среќни без непотребни притисоци и барања.

Кариера: Ќе пробате различни деловни опции. Некои дури ќе се осмелат да ризикуваат. Оваа игра ќе ви донесе и малку радост бидејќи ќе уживате додека преземате нови ризици.

Неделен хороскоп од 11 до 17 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Пријателската средба лесно може да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени од оваа можност. Ќе можете целосно да го покажете она што го чувствувате. Единствено важно е да не зборувате премногу и да не ги избрзувате работите.

Кариера: Ќе почувствувате мала тензија на теми поврзани со финансии или недвижнини и ќе мора сето тоа да го погледнете, да го анализирате и да донесете одлуки кои ќе влијаат врз понатамошниот тек. Обидете се да бидете што е можно пообјективни додека одлучувате.

Стрелец

Љубов: Оние кои сè уште бараат сродна душа би можеле да запознаат некого на сосема вообичаени места, додека оние кои се во врска сè повеќе ќе откриваат колку ситниците значат во животот.

Кариера: Вашите заслуги допрва ќе излезат на виделина, а сè што треба да направите е да бидете трпеливи уште малку. Не форсирајте ги вашите ставови дури и ако сте во право. Набрзо ќе го добиете заслуженото признание.

Јарец

Љубов: Каде и да се појавите ќе забележите дека многу погледи се вперени во вас. Ќе бидете интересни и привлечни за другите, па ова се денови кога лесно можете да најдете друштво. Оние кои се во врска ќе бидат среќни и исполнети, а љубовниот живот ќе им биде во хармонија.

Кариера: Сè уште ќе има мали битки, но некои победи веќе се на повидок. Вашиот фокус на интерес сега ќе се префрли на повисоко знаење. Многумина ќе се обидат да ја усовршат својата експертиза.

Водолија

Љубов: Веројатно веќе ви е доста од неуспешни обиди за љубов. Но, бидете трпеливи доколку сакате да ја избегнете фрустрацијата. Планетите сè уште не ви се наклонети кога е љубовта во прашање. Оние во врска нека бидат што е можно потолерантни додека не дојдат подобри денови.

Кариера: Желбата за акција ќе биде силна, но околностите постојано ќе ве принудуваат да работите од сенка, а тоа ќе го забави вашето темпо. Затоа, овие денови можете да ги искористите за подготовка и разработка на планови за иднината што ја посакувате.

Риби

Љубов: Незаинтересираноста за љубовта која ја чувствувате веќе некое време ќе ве загрижи. Имајте на ум дека ова е минлива фаза и затоа не треба да ѝ придавате премногу значење. Од друга страна, одвреме-навреме ќе бидете во круг на луѓе со кои ќе ви биде мило да комуницирате.

Кариера: Ќе сфатите дека доаѓа време за борба. Сега сте подготвени јасно и гласно да го искажете својот став, а доколку некој не се согласува со тоа, ќе ги изнесете вашите аргументи. Нема да се откажете од борбата.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае младата Месечина во Девица на 14 септември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар