Неделен хороскоп од 11 до 17 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?
Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!
Овен
Љубов: Потребата за друштво ќе ви биде доста нагласена, па одвреме-навреме ќе излегувате. Станува збор за неформални средби со вашите блиски луѓе и пријатели. Нема да имате големи очекувања, но токму ова може да ви донесе нова љубов.
Кариера: Како што одминува неделата, сè повеќе ќе сфаќате дека сите нематеријални или скриени теми добиваат сè поголемо значење. На крајот на неделата ќе ви стане толку важно што дури и ќе ја игнорирате реалноста. Не занемарувајте ги своите работни обврски.
Бик
Љубов: Ќе се зголеми потребата за интимност. Затоа многумина кои веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и ќе уживаат во заедничките моменти. За слободните тоа ќе значи повеќе мечтаење, а помалку дружење и шанси за љубов.
Кариера: Ќе бидете активни, но ништо нема да биде толку силно што целосно ќе ви го окупира времето. Добро ќе функционирате доколку внимателно ги организирате паузите. Тие се потребни затоа што сега ќе имате помалку енергија од вообичаеното.
Близнаци
Љубов: Веројатно ќе се чувствувате осамено или како цел свет да заговара против вас. Помирете се и повлечете се во тишина и медитација. Ништо не очекувајте од никого. Така најдобро ќе го поминете овој тежок период.
Кариера: Можеби на почетокот ќе почувствувате дека вашето знаење и стручност не се вреднуваат како што треба. Сепак, во вториот дел од неделата вашите вештини и способности ќе дојдат до израз на работното место.
Рак
Љубов: На моменти ќе ви се чини дека љубовта е на друга планета, а одвреме-навреме ќе се чувствувате осамени и фрустрирани. Најдобро е да се дружите со позитивни луѓе или да ги игнорирате вашите грижи правејќи го она што знаете дека го сакате. Ќе дојдат подобри денови.
Кариера: Можно е деновиве да воспоставите или обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе корист и ќе ги прошири вашите хоризонти.
Лав
Љубов: Новите познанства и поканите за состаноци ќе ги направат овие денови динамични за вас. Ова би можело да доведе и до започнување нова љубовна авантура.
Кариера: Соработката со младите ќе биде најдобриот дел од работата оваа недела. Сè останато ќе биде поврзано со стрес за сосема неважни нешта. Ќе успеете да решите некои проблеми, но на крајот ќе се запрашате колку сето тоа има смисла.
Девица
Љубов: Доколку сте сè уште слободни и сакате да запознаете некого, не занемарувајте ги поканите за состанок бидејќи голема е веројатноста дека токму оваа недела ќе запознаете личност која би можела да ве заинтригира.
Кариера: Ќе го промените начинот на кој ги оценувате луѓето околу вас. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки, а вие самите ќе покажете поголема отвореност кон другите. Преку појасна комуникација ќе склучите и нови деловни зделки.
Продолжува на следната страница…