Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Недоразбирањата во љубовните односи ќе ве натераат да се чувствувате осамено и фрустрирано. Би било добро да го прифатите она што е и без големи амбиции да чекате поповолни денови.

Кариера: Целокупната ситуација на работното место дополнително ќе ви го отежни животот. Ќе имате чувство дека сè зависи од другите, а ништо од вас. Сепак, тоа ќе биде привремено. Доволно е да не ги заборавите вашите достигнувања и да продолжите со досегашното темпо.

Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Скорпија

Љубов: Доколку сте во врска, љубовниот живот ќе ви премине во втор план и ќе се одвива на тивок и дискретен начин. Оние кои се слободни, пак, ќе флертуваат со колега на работа.

Кариера: Ќе почувствувате вистинска работна атмосфера со оглед на обемот на задачите и обврските. Вашите колеги ќе се жалат дека имаат премногу работа, но вие ќе ги охрабрите и мотивирате да дадат сè од себе.

Стрелец

Љубов: Во овој период ќе почувствувате потреба да бидете опкружени со луѓе, па одвреме-навреме ќе излегувате. Станува збор за неформални средби со ваши блиски луѓе и пријатели. Нема да имате големи очекувања, но можеби токму ваквиот опуштен став ќе ви донесе нова љубов.

Кариера: Не занемарувајте ги своите работни задачи.

Јарец

Љубов: Ќе се зголеми потребата за интимност со партнерот. Тоа значи дека ќе претпочитате да уживате заедно со партнерот во домашни околности отколку да бидете заедно со друштвото.

Кариера: Ќе бидете активни во повеќе области, но ниту една од нив нема да ви биде толку занимлива за целосно да го окупира вашето внимание.

Водолија

Љубов: Ќе се чувствувате осамено или како цел свет да прави заговор против вас. Бидете мирни и повлечете се во тишина и медитација. Тоа ќе ви помогне да го надминете овој тежок период.

Кариера: На почетокот од неделата ќе почувствувате дека вашето знаење и стручност не се вреднувани доволно. Сепак, во средината на неделата колегите ќе почнат да го бараат вашето мислење. Не плашете се да ги искажете сопствените ставови.

Риби

Љубов: На моменти ќе ви се чини дека љубовта ви е недостижна, а тоа ќе придонесе да се чувствувате осамено и фрустрирано. Најдобро би било да се дружите со позитивни луѓе и да ги игнорирате вашите грижи бидејќи ќе дојдат подобри денови.

Кариера: Можно е деновиве да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе биде во ваша корист и значително ќе ги прошири вашите хоризонти.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци најмногу ќе се забавуваат ова лето.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар