Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Прочитајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 11 до 17 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Ве очекуваат многу љубовни можности, а само од вас зависи дали ќе ги искористите или не. Доволно е само да се ослободите од стравот од непознатото.

Кариера: Ве очекуваат зголемени обврски на работното место, а за вас најдобро ќе биде да се придржувате до правилата. Не заборавајте и да останете професионални докрај.

Бик

Љубов: Ќе имате потреба од предизвици во приватниот живот. Сепак, сфатете го ова како привремено затишје и уживајте во малите нешта затоа што и тие имаат свој шарм.

Кариера: Околностите и луѓето околу вас ќе ве водат низ вашиот професионален развој. По природа не сте перфекционист, но ќе барате информации кои би можеле да ви помогнат да постигнете напредок во кариерата.

Близнаци

Љубов: Како што одминува неделата, ќе добивате сè повеќе покани за забави и состаноци. Самите ќе се потрудите ништо да не пропуштите. Ве очекуваат забавни моменти, без разлика дали сте во врска или не.

Кариера: Овој период е идеален за истражувачка работа, настрана од сите. Бидејќи тоа не е карактеристично за вашата природа, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како тивко и посветено ги вршите своите работни задачи.

Рак

Љубов: Доколку не сте во врска ќе се прашувате дали вреди да излезете со друштвото или не. Сепак, астролозите ви препорачуваат да излегувате почесто за да не ја пропуштите можноста за ново познанство.

Кариера: Овој период ќе биде идеален за планирање на следните чекори во однос на вашите планови и амбиции.

Лав

Љубов: Ќе се појават можности за нови познанства кои, од друга страна, ќе го подобрат вашиот приватен живот.

Кариера: Ви претстојат нови задачи, но запомнете дека сте доволни вешти и способни да направите сè. Можно е да добиете мала помош од одредени луѓе, но вие самите морате да го завршите поголемиот дел од работата и затоа е неопходно да се концентрирате.

Девица

Љубов: Најверојатно во следниот период ќе бидете оддалечени од саканата личност, но тоа нема да го сфатите сериозно. Напротив, ќе покажете позитивен став. Сепак, внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.

Кариера: Не сте сигурни во вашите идеали. Размислете дали е време да поставите нови цели во поглед на кариерата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар