Неделен хороскоп од 11 до 17 април: На што треба најмногу да се фокусираме?
Вага
Со оглед на тоа што полната Месечина ќе биде во вашиот знак оваа недела, ќе почувствувате потреба од нечие внимание. Доколку веќе сте во врска, енергијата на Месечината ќе ви помогне одново да ја воспоставите посакуваната рамнотежа во односот со партнерот. Затоа, не плашете се секогаш да го споделувате вашето мислење, без разлика на реакцијата која би можело да ја предизвика.
Скорпија
Спојот Јупитер-Нептун ќе го активира вашиот сектор на креативноста, затоа не занемарувајте ги моментите на инспирација, особено на почетокот на неделата. Моментите на забава сигурно ќе ви бидат инспиративни! Подоцна, во текот на неделата постои можност некои тајни да испливаат на површина. Не плашете се да го споделите со другите она што подолго време ве мачи.
Стрелец
Ве очекува добра недела, исполнета со среќа и забава. На почетокот на неделата обидете се да одвоите неколку часови за да се фокусирате на себе и она што ве прави среќни. На тој начин ќе ја привлечете позитивната енергија на универзумот. Излезете од вашата удобна зона и обидете се да ги проширите вашите видици.
Јарец
Иако имате тенденција да бидете молчаливи кога се работи за вашите најдлабоки желби, сепак оваа недела спојот Јупитер-Нептун ќе биде во вашиот сектор на комуникацијата. Тоа значи дека колку повеќе зборувате за вашите скриени желби и соништа толку е поголема веројатноста дека ќе ви се остварат! Дали работите на некој проект? Споделете го тоа на социјалните мрежи. Дали барате работа? Пренесете им на пријателите и познајниците. Сè што треба да направите е да прашате бидејќи универзумот ќе ве слушне!
Водолија
Оваа недела спојот Јупитер-Нептун ќе се одвива во вашиот сектор на финансиите. Ова ќе биде одличен момент да направите финансиски план за следните неколку години. Од друга страна, обидете се да го смените пристапот и да ги правите нештата поинаку. Енергијата на Јупитер и Нептун ќе ве натера да излезете од вашата удобна зона и ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата. Ќе станете свесни за тоа дека другите ќе почнат да ве почитуваат само доколку вие се почитувате себеси.
Риби
Ова ќе биде една од најдобрите недели во вашиот живот со оглед на тоа дека спојот Јупитер-Нептун се одвива токму во вашиот знак. Искористете ја неделата за да си поставите лични цели во следниот период, но и да стекнете поголема доверба во светот околу вас. Животот ќе ви понуди можности кои не смеете да ги пропуштите, затоа не занемарувајте ја интуицијата и следете сè што се случува околу вас.
Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за април.
Извор: myimperfectlife.com