Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Што ни предвидоа астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 10 до 16 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Овие денови нова светлина ќе го огрее вашето љубовно небо. Пријатно ќе бидете изненадени од тоа колку нови љубовни можности ви се отвораат. Ве очекуваат и нови познанства.

Кариера: Ќе ги решите сите поголеми деловни сомнежи и ќе продолжите похрабро. Малку по малку почнувате да градите нови услови за работа или нови проекти. Во себе носите светлина со која ќе разбудите многумина околу себе. Ви треба само повеќе самодоверба.

Бик

Љубов: Кога станува збор за љубовта, овие денови ќе се чувствувате како риба во вода. Отвореноста на другите кон вас, и обратно, ќе направи брзината со која ќе делувате на моменти да биде зачудувачка. Сепак, најдобро е да бидете трпеливи.

Кариера: Можете да видите далекусежни резултати, но вашите соработници се кратковиди. Сепак, деновиве ќе дојдете до одредени информации. Можеби нема да бидат сензационални, но тие ќе ви укажат на фактот дека вашата работа се одвива во вистинската насока.

Близнаци

Љубов: Страстите ќе ви се зголемат и ќе станете позаводливи. Во исто време ќе се зацврсти и вашата потреба за сигурност во љубовта. Така, повремено ќе водите битки со себе бидејќи ќе сакате да постигнете сè. Но, најважно е да не избрзувате со одлуките.

Кариера: Започнува времето кога вашето знаење ќе биде сè повеќе ценето. Бидете свесни за вашата експертиза и слободно покажете ги своите способности. Можно е сè повеќе луѓе да ве прашуваат за совет или да ви понудат нова работа.

Рак

Љубов: Доколку сè уште не сте во врска, деновиве ќе се стремите само кон добра забава. Ќе бидете желни за релаксација и слобода.

Кариера: Можно е деновиве да воспоставите или обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе корист и ќе ги прошири вашите хоризонти. Ќе ви се чини далеку и невозможно, но сепак соработката ќе вроди со плод.

Лав

Љубов: Ќе има денови во кои ќе се чувствувате осамено. Затоа, најдобро е да се смирите и да се повлечете во тишина и медитација. Вашите очекувања ќе ги формирате според моменталната ситуација, па тие ќе бидат скромни. Сепак, ве очекуваат и убави настани.

Кариера: Ве очекува мала тензија во поглед на прашањата поврзани со финансии или недвижнини и ќе мора да ги анализирате и да донесете одлуки кои ќе го насочат понатамошниот тек на развојот. Обидете се да бидете што е можно пообјективни и одвојте време за нивно решавање.

Девица

Љубов: Ќе се појават низа прашања поврзани со вашиот приватен живот. Сепак, бидете трпеливи и внимателни затоа што одговорите ќе дојдат сами по себе со текот на времето.

Кариера: Најчесто ќе работите со леснотија бидејќи ќе имате повеќе мотивација од другите, а можеби и најмногу волја. Ќе внесете креативност во вашата работа и ќе бидете среќни да им покажете на другите околу вас не само што сте направиле, туку и како тие би можеле да направат повеќе и подобро.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар