Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината

Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината

Како ќе ни бидат наклонети ѕвездите оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 10 до 16 јануари: Време е да се соочиме со вистината

Овен

Оваа недела ќе треба да посветите повеќе време за планирање доколку сакате успехот да ви биде гарантиран следната недела. Иако можеби ви се чини дека тоа не е приоритетно, сепак ќе ви го постави патот кон идните успеси. Морате да дадете сè од себе со цел да им покажете на надредените дека можете да се справите со сите задачи. Пробајте да се воздржите од прекумерното трошење. Нема потреба од грижи бидејќи кога-тогаш успешно ќе се справите со сите тешкотии.

Бик

Можеби претходната недела сте започнале со лажно темпо, но оваа недела дефинитивно ќе биде период кога ќе го забрзате темпото. Во овој период ќе се запрашате кои се вашите цели и како планирате да ги постигнете. Искористете ја оваа недела за да се насочите кон вашите замисли. Не занемарувајте ја интуицијата, а медитацијата ќе ви помогне да останете сосредоточени.

Близнаци

Оваа недела ќе имате можност за самоанализа и преиспитување. Најверојатно ќе добиете понуда за работа и иако тоа на почетокот ќе звучи како одлична можност, сепак ќе откриете дека станува збор за работно место кое не го посакувате. Ваквото откритие лесно ќе доведе до фрустрација. Нема да престанете да мислите дека целиот универзум си поигрува со вас бидејќи ќе ви пружи нешто што е целосно спротивно од вашите очекувања.

Рак

Оваа недела ќе научите дека е време да престанете да мислите на минатото. Без разлика дали се работи за личност, однесување или нешто за кое сте очекувале да биде вистина, а всушност се работи само за илузија. За да продолжите напред во животот, мора да си признаете себеси дека треба да се ослободите од багажот на негативните емоции. Тоа ќе ве подготви за новите предизвици кои веќе ви претстојат.

Лав

Иако работите оваа недела ќе се одвиваат во посакуваната насока, сепак ќе сфатите дека нема секогаш да биде така. Постојат големи шанси среќата да ви се насмевне во следниот период, но тоа треба да биде и потсетување за вас дека неделите како оваа се ретки. Тоа, од друга страна, значи дека треба да почнете напорно да работите на она што сакате да го постигнете.

Девица

Посакувате да најдете нова работа, но за жал знаете дека тоа не е возможно во моментов. Морате да најдете начин да се справите со тоа и да ги завршите вашите обврски до крај. Оваа недела ќе осознаете и кој навистина е дел од вашиот тим, а кој не, иако се чувствувате дека никој не е на ваша страна. Не заборавајте дека во животот има и поважни нешта од работата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар