Неделен хороскоп од 1 до 8 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 1 до 8 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 1 до 8 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Ќе се почувствувате разочарано од многубројните неуспешни љубовни обиди. Не заборавајте дека само со помош на трпението и воздржаноста ќе ја избегнете фрустрацијата. Доколку, пак, сте во врска, неопходно е да останете толерантни бидејќи ве очекуваат подобри денови.

Кариера: Ќе бидете во искушение да потрошите повеќе отколку што ви е потребно. Затоа, неопходно е да процените што ви е важно, а што не. Сепак, не позајмувајте доколку ви недостасуваат финансиски средства.

Бик

Љубов: Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително, а сè останато може да доведе до незадоволство и расправии. Затоа зборувајте, но не инсистирајте на прегратка.

Кариера: Иако не сакате да се занимавате со озборувања, сепак ќе бидете принудени да ги слушате. Станува збор за мали нешта за кои не треба да се грижите. Освен тоа, не заборавајте дека никој не е совршен.

Близнаци

Љубов: Воздржете се од излишни коментари бидејќи тие само ќе долеат масло на огнот. Бидете умерени, трпеливи и повлечете се привремено доколку е потребно.

Кариера: Вашата дипломатска стратегија ќе вроди со плод, па така она што ќе го договорите веднаш ќе го спроведете.

Рак

Љубов: Ве очекуваат дружби со луѓе и нови познанства, но тие нема целосно да ги исполнат вашите љубовни очекувања. Затоа, повеќе ќе зборувате за љубовта отколку што ќе ја чувствувате.

Кариера: Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многу кандидати кои би сакале да соработуваат со вас. Единственото нешто што ви е потребно е да се поврзете и да направите добар организациски план.

Лав

Љубов: Конечно ќе го отворите вашето срце и ќе се ослободите од пречките или фрустрациите кои ве кочеа досега. Тоа ќе биде знак за подобрување на личните односи, но не заборавајте да бидете претпазливи.

Кариера: На повидок се патувања, но и стекнување нови вештини и искуства. Ве очекува успешен професионален развој.

Девица

Љубов: Предизвиците ќе се намалат, а вашиот љубовен живот ќе се смири. Повеќето од вас ќе претпочитаат да останат дома во друштво со саканата личност.

Кариера: Сè што сте смислиле и планирале ќе почне да добива форма. Освен тоа, ќе имате можност да ги усовршите вашите идеи. Бидете трпеливи и не откажувајте се од вашите цели.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар