Неделен хороскоп од 1 до 7 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 1 до 7 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 1 до 7 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Оваа недела ќе морате целосно да заборавите на безделничењето и мрзеливоста. Време е да се активирате доколку сакате да се искачите скалило погоре во кариерата. Но, внимателно разгледајте ги примамливите понуди и не заборавајте да побарате совет од семејството, особено од постарата генерација. Во моментов не се препорачуваат патувања и други рекреативни активности.

Бик

Оваа недела треба да се откажете од вродената склоност да им помагате на сите на сметка на сопствените интереси. На работа воздржете се од празна комуникација со колегите. Ве очекува успех во поглед на кариерата, а периодот е одличен и за барање дополнителна работа.

Близнаци

Оваа недела нема да можете да оставите вистински впечаток кај личноста од која зависи вашиот професионален или личен успех. Обидете се да откриете кои се причините за овој неуспех за да избегнете слични грешки во иднина. Во поглед на здравјето, обидете се да продолжите со здрава исхрана.

Рак

Многумина од вас оваа недела ќе можат да најдат вистински пријател или идеален деловен партнер. Покрај тоа, ве очекуваат добри вести кои ќе ви дадат надеж за исполнување на сонот. Само немојте да го ширите зборот за тоа пред конечно да бидете сигурни во неговото исполнување. Доколку сте слободни, ве очекува ново романтично познанство.

Лав

Доколку до сега чувствувавте неизвесност во личниот живот, конечно ќе можете да ставите крај на сè. Не плашете се да преземете храбар чекор за да ставите крај или да започнете романса. Од друга страна, добро би било доколку се фокусирате на логиката, а не само на шармот.

Девица

Оваа недела може одеднаш да се појави одредена личност со негативно искуство од минатото. Обидете се да се држите подалеку од неа, дури и ако се работи за ваш стар познаник и не започнувајте никакви деловни односи со оваа личност – внимавајте кому му верувате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар