Неделен финансиски хороскоп до 2 јануари: Ќе бидеме во искушение да потрошиме повеќе од потребното
Вага
Ве очекува тешка и нестабилна финансиска недела. Астролозите од друга страна, ви препорачуваат да ги искористите празниците за едукација, учење нови вештини и читање биографии на успешни луѓе. На тој начин ќе можете да усвоите знаења кои досега ви биле непознати. Подобро е да не ризикувате доколку станува збор за започнување бизнис, или промена на работното место.
Скорпија
Ви претстои мирна финансиска недела. Сè ќе се одвива тивко и без непријатни изненадувања. Проблемите можат да се јават само доколку почнете неразумно да трошите. Овој период искористете го за да направите ревизија на трошоците како и план за штедење.
Стрелец
Оваа недела фокусирајте се на вашите таленти, научете нови вештини и обидете се да бидете покреативни. Бидете отворени за нови работи. Имаме и добра вест за вас: ќе бидете наградени за напорната работа во текот на оваа година, а можно е и унапредување на работното место.
Јарец
Ќе ја претворите вашата самодоверба во успех многу побрзо од вообичаеното благодарение на поволното влијание на планетите. Завршените обуки, вештините кои ги стекнавте досега како и искуствата, ќе ви отворат нови можности. Ве очекуваат нови победи, промоции и бонуси. Доколку сте во план да трошите, нека тоа биде испланирано.
Водолија
Вие сте зависник од работата, но потрудете се да не работите премногу од 27 декември до 2 јануари бидејќи непотребно ќе ви одземе премногу енергија. Купувањето работи за домот и неговото уредување ќе ви донесе голема радост, позитивна енергија и ќе биде момент кога ќе можете да ја искористите сета ваша креативност.
Риби
Вашиот живот би можел драматично да се смени оваа недела, особено во поглед на деловната и финансиската сфера. Сега е идеалното време да размислите за иднината, како и да поработите на себе. Ако ви дозволуваат финансиите, одвојте пари за нешто што можеби ќе ви затреба во блиска иднина.
Откако го прочитавте неделниот финансиски хороскоп, можеби ќе сакате да го прочитате и годишниот финансиски хороскоп за 2022 година.
Извор: sensa.mondo.rs