Не смеете да го пропуштите: Финансиски хороскоп за оваа зима

Не смеете да го пропуштите: Финансиски хороскоп за оваа зима

Што нè очекува оваа зима во поглед на финансиите? Прочитајте во продолжение!

Не смеете да го пропуштите: Финансиски хороскоп за оваа зима

 

Овен

Првата зимска половина од годината ќе ви биде побогата и попродуктивна од втората. До средината на јануари, Јупитер ќе придонесе за вашиот успех. Во овој период, вреди да се позанимавате со долгорочно планирање и решавање на важни финансиски прашања. Во втората половина на јануари ќе ги надминете сомнежите и неизвесноста.

Бик

Ќе бидете посветени на работата и за време на празниците. Ве очекуваат неколку успешни преговори, а ќе имате можност и да ги зголемите финансиите. Можно е за работа да сакате да се преселите во друг град или држава бидејќи ќе добиете поисплатлива понуда.

Близнаци

Во текот на зимата внимавајте со финансиите. Имате висока самодоверба што може да биде одлична во бизнисот, но не дозволувајте тоа да ве доведе до заблуда и затоа размислете двапати кога станува збор за финансиските одлуки. Фокусирајте се на најважните работи и не ризикувајте.

Рак

Ѕвездите ви препорачуваат да им се посветите на активностите кои ве прават среќни и кои финансиски ќе вродат со плод. Освен тоа, добро би било да размислите за дополнителни извори на приход и да не трошите пари на работи што навистина не ви се потребни. Од друга страна, внимавајте бидејќи позајмувањето пари во текот на зимата може да биде ризичен потфат, без разлика дали позајмувате некому или некој ви позајмува вам.

Лав

Зимата ќе започне со мали неволји, можни се конфликти на работа со вработените, колегите, како и несогласувања околу парите. Во овој период, не се занимавајте со тврдоглави ставови туку обидете се да најдете решенија. Деталното планирање на вашата дневна рутина ќе ви помогне да останете на врвот на сè. Во декември ќе имате можност за унапредување или зголемување на платата.

Девица

На почетокот на јануари ќе ви биде потребен барем малку одмор, по можност надвор од дома. По зимскиот распуст, на работа ве очекуваат сериозни предизвици кои ќе донесат невиден профит. До крајот на март, според предвидувањата на ѕвездите, некои од вас ќе имаат време да добијат унапредување или да го зголемат капиталот. Првите месеци од зимата ќе бидат најуспешни за барање нова работа.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар